Информатика
Во Англија еден човек беше осуден на 66 недели затвор, откако се изјаснил за виновен за вршење на сајберфлешинг. Николас Хокс е првиот човек осуден за ова кривично дело според Законот за безбедност на Интернет во Англија. Сајберфлеширањето (испраќање на несакани фотографии од гениталии) бешe забрането во Англија и Велс со закон, почнувајќи од 31 јануари оваа година.
Објавено на 25.03.2024 - 16:45

Историја и археологија
Во провинцијата Клокле, лоцирана 160 километри југозападно од Панама Сити, тим археолози од панамското Министерство за култура откопа уникатен тип на погребен објект, во којшто била сместена и збирка од фино изработени златни предмети. Извонредното откритие е дел од гробница која датира од 750 година од нашата ера, која се наоѓа во археолошкиот парк Ел Кањо.
Објавено на 25.03.2024 - 14:15

Физика
Иако се смета дека дијамантот е еден од најцврстите материјали, што се должи на неговата тетраедрална решетка, која претставува неверојатно цврста структура на честички, експертите открија начин како да го трансформираат во нешто уште поцврсто. Имено, група физичари од САД и Шведска симулирале материјал за кој се верува дека е 30% поотпорен на компресија споредено со дијамантите.
Објавено на 22.03.2024 - 18:15

Психологија
Хиперактивност, слаба концентрација, импулсивност: ова се некои од типичните показатели за нарушувањето хиперактивност со недостаток на внимание, познато и по кратенката АДХД (Attention-deficit/hyperactivity disorder). АДХД денес се перцепира како негативна особина, а во многу околности лицата што ја поседуваат се во неповолна положба. Но, тоа не било секогаш така, се тврди во една студија објавена неодамна во Proceedings of The Royal Society B. Имено, студијата гледа на распространетоста на АДХД како на карактеристика што се развила еволутивно за да овозможи одредена адаптибилна предност. Поконкретно, се чини дека истите овие однесувања помагале во потрагата по храна кога нашите предци одејќи поминувале огромни пространства.
Објавено на 22.03.2024 - 13:45

Електроника
Австралиското списание DIYODE објави на нивниот сајт и фејсбук дека ќе престане да излегува. Се работи за најмладо списание за популарна електроника во Австралија, создадено во 2016 година.
Објавено на 21.03.2024 - 16:00

Астрономија и астронаутика
Во космологијата, терминот темна материја го опишува сето она што се чини дека не е во интеракција со светлината или електромагнетното поле, или што може да се објасни само преку гравитацијата. Не можеме да ја видиме, ниту знаеме од што е сочинета, но таа ни помага да го разбереме начинот на којшто се однесуваат галаксиите, планетите и ѕвездите. Но сега уште едно истражување го става под знак прашалник самото постоење на темната материја, а со тоа и на усвоениот стандарден модел на универзумот...
Објавено на 21.03.2024 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Првиот ден од пролетта, кој оваа година паѓа денес 20 март официјално е тука. Овој ден е познат и како пролетна рамноденица, настан речиси секогаш резервиран за 20 или 21 март.
Објавено на 20.03.2024 - 14:15

Информатика
Технологијата на вештачка интелигенција го поттикнува порастот на финансиските измами и кибер криминалот, предупреди Интерпол. Софистицираните измами и синџири за трговија со луѓе ги искористуваат криптовалутите и социјалниот инженеринг за да украдат милијарди. Интерпол рече дека е потребна итна глобална акција за борба против оваа растечка закана.
Објавено на 20.03.2024 - 13:15

Омнибус
Кога ќе кажеме компјутер, нанотехнологија, батерија, мислиме нешто што е создадено пред неколку децении или најмногу сто години. Но, неколку археолошки артефакти и наоди, предмети изработени и градени пред стотици години, некои од нив и пред новата ера, поседуваат карактеристики за кои би сметале дека може да се постигнат само со користење на современата технологија и наука. Како тие биле создадени во некои случаи е сѐ уште мистерија – загатка што научниците се обидуваат да ја одгатнат...
Објавено на 19.03.2024 - 15:45

Роботика
Четириножните роботи, налик на механички кучиња, веќе и не се некоја новост. Тие веќе најдоа примена во различни сектори, извршувајќи секакви задачи – далечинско следење и обезбедување на спортски стадиони, водење на слепи лица, па и инспекција на потенцијално опасни места. Иако овие роботи се во основа поагилни од нивните двоножни “колеги”, нивните движење сѐ уште се далеку од реплицирање на грациозноста на едно вистинско куче. Но, се чини дека наскоро ова ќе се промени...
Објавено на 19.03.2024 - 13:15

Pages