Психологија
Зборови, реченици, разговори за чет, е-пошта, социјални медиуми – системите за вештачка интелигенција предлагаат зборови, комплетираат реченици или создаваат разговори. Во пракса, човечката комуникација сѐ повеќе се меша со јазикот генериран од вештачката интелигенција. Една студија ја анализираше нашата способност да ги препознаеме различните видови текст генерирани од вештачка интелигенција објавени на платформите за онлајн запознавање, професионално пребарување и сместување за одмор. Резултати? Некои работи можеби е и подобро да не ги знаеме...
Објавено на 29.06.2023 - 15:30

Историја и археологија
Реконструкција на хомо еректус, вид хоминин кој живеел пред некаде помеѓу 1,6 милиони и 150 000 години.
На фосилизирана нога од хоминин се забележани засеци што веројатно биле направени од камени алатки. Ова може да биде најраниот доказ дека древните луѓе меѓусебно се касапеле и го јаделе месото од други.
Објавено на 28.06.2023 - 12:30

Фототехника
Дизајнерот Бјорн Карман и неговото 'чудо од камера'
Paragraphica претставува фотоапарат без објектив што може да создава слики со вештачка интелигенција. Неговиот пронаоѓач бил инспириран од љубопитниот крт со ѕвездест нос, па оттаму и обликот на заменскиот “објектив”.
Објавено на 27.06.2023 - 13:30

Математика
Голем успех на Македонската репрезентација на Јуниорската Балканска математичка олимпијада 2023. Освен што нашите математичари се враќаат со златен медал од 27-мата Јуниорска Балканска математичка олимпијада, што само по себе е огромен успех, тие израдуваа со уште еден детаљ – Македонија е единствената земја која освои златен медал со максимален број на поени! Дополнителна радосна вест е што и една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.
Објавено на 27.06.2023 - 12:00

Екологија
Од каде потекнува повеќегодишниот облак од јаглероден диоксид што ја обвива и ја задушува планетата? Зборувајќи за климатската криза, ќе потсетиме дека индустријализираните земји се првенствено одговорни за емисиите на CO 2 , особено за оние што се досега произведени. Трите нови анимации на НАСА, што може да ги погледнете во прилог, го прават концептот за обемот и распространетоста на облакот од јаглероден диоксид во атмосферата, помалку апстрактен.
Објавено на 26.06.2023 - 19:15

Електроника
Калкулатор RIZ DESCOM 86
DESCOM 86 е џебен калкулатор произведен од RIZ (RIZ – Radio Industrija Zagreb), некаде во средината на 70-тите години. Ова е едноставен калкулатор кој може да ги извршува само четирите основни аритметички операции и да пресметува проценти. Има дисплеј со црвени светлечки диоди, со вкупно 9 цифри и може да се напојува од батерија од 9V или со надворешен адаптер за мрежен напон.
Објавено на 26.06.2023 - 13:45

Психологија
Според една студија, промена во критериумот според кој се даваат оценките во училиште би можелa да им помогне на учениците да работат повеќе. Еве како...
Објавено на 26.06.2023 - 12:30

Наутика
Остатоците од батискафот „Титан“ на океанското дно близу Њуфаундленд потврдуваат дека катастрофата се случила поради разурнување од имплозија на структурата на батискафот. Што претставува и како настанува имплозијата? Да се послужиме со еден едноставен и секојдневен пример. Ако земеме пластично шише и од него го извлечеме воздухот, тогаш шишето ефективно го товариме со надворешниот, атмосферски притисок на воздухот. Ова претставува спротивен случај на оптоварувањето со внатрешен притисок на гас кај резервоарите.
Објавено на 23.06.2023 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Фотографија направена ноќта помеѓу 19 и 20 јуни.
Велат дека природата е најдобриот и најкреативниот уметник кој го создал целиот Универзум. Ноќното небо исполнето милијарди галаксии и уште повеќе ѕвезди е само една потврда за тоа. Погледот го одзема здивот. На фотографиите и видеото е само еден дел од таа прекрасна небесна убавината на ноќното небо над Штип. Уживајте...
Објавено на 23.06.2023 - 14:15

Енергетика
Рекреативниот центар Егзмут (Exmouth Leisure Centre), во југозападниот дел на Англија, користи мошне интересна иновација што му помага да ги намали сметките за греење на нивниот затворен базен. Имено, рекреативниот центар ја користи топлината што ја емитуваат серверите од малиот податочен центар сместен на оваа локација како извор за греење на водата во базенот.
Објавено на 23.06.2023 - 13:00

Pages