Пред само неколку дена, на 9 септември, Постојаниот поткомитет за истраги на Сенатот на САД одржа сослушување на тема “Како корупцијата во науката влијаеше врз јавната перцепција и политиките во врска со вакцините”. Најинтересниот момент на сослушувањето се случи кога Претседавачот на ова државно тело, сенаторот Рон Џонсон, му даде збор на еден од тројцата сведоци, адвокатот Арон Сири. Во продолжение ќе презентираме извадоци од изјавата-документ доставена од сведокот Арон Сири до Постојаниот поткомитет за истраги. Тој изнесе фрапантни податоци од една научна студија, завршена во 2020 година, според која невакцинираните деца се три пати поздрави од вакцинираните!?