Од 16 до 20 септември во халите на Скопскиот Саем се претставија повеќе домашни и странски фирми специјализирани за комуникации, компјутерска, аудио и видео техника. Првите две хали беа наменети за саемот ИНФОКОМ '99 кој оваа година се одржа по петти пат. ИНФОКОМ е саем за презентација на компјутерската и комуникационата техника, и таму настапија Македонските Телекомуникации, Неоком, Дигит Компјутери, Сет Компјутери и други.