Емитер 10/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Уредот е замислен како додаток на постоечкото класично или електронско палење, со намена да го прекине палењето по пречекорувањето на однапред избраната вредност на бројот на вртежите на автомобилскиот мотор. Кога моторот ќе го намали бројот на вртежи до нивото на дозволениот број, палењето е повторно овозможено. Новата генерација на мотори не може да се замисли без сериски вграден ограничувач на бројот на вртежи. Ненадминувањето на дозволената вредност на бројот на вртежи е од особено значење кај нов, сè уште "неразработен" мотор.
Произведувачите на автомобилски мотори намерно ја спуштаат границата на дозволените вртежи на моторот под дозволената, во текот на периодот на разработување. После поминатиот определен број на километри потребен за разработување, на првиот сервис, лимитираниот број на вртежи го враќаат кон горната граница на дозволеното. Со тоа се избегнува невнимателноста на возачите и на оние "со тешка нога", да го принудат моторот да работи во недозволено високи вредности на вртежи. Неправилното возење на возилото во понизок степен на пренос доведува до работа на моторот со поголем број на вртежи. Нека не се изненадат оние возачи кои сакаат спортски начин на возење кога моторот почнува да се "гуши, кашла и задушува" при секој обид од него да се извлече максимум. Ограничувачот на бројот на вртежите е вграден за "подобро здравје на моторот".
Објаснувањето за функцијата на прекинувачот SW2 дадено во текстот е погрешно. Имено кога тој прекинувач е поврзан редно со C1 како што е прикажано на шемата (слика 2) тогаш тој целосно го исклучува ограничувачот, заедно со неговата визуелна индикација (LED диодата на излез од IC1). Ако сакате ограничувачот да може да биде исклучен а сепак да остане визуелната индикација за надминување на максималниот број на вртежи (како што е кажано во текстот) тогаш прекинувачот SW2 треба да биде приклучен редно со отпорникот R15 а не редно со кондензаторот C1.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.