Рубрика: Енергетика
Горивни ќелии
Автор: Миле Серафимовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како што е познато, батериите може да бидат составени од една или повеќе ќелии во кои се складира, или акумулира, електричната енергија. Ќелијата, или батеријата претставува електрохемиски систем кој ја претвара хемиската енергија во електрична. Таа енергија можеме да ја користиме веднаш или по некое време, зависно од потребите. Во тој поглед горивните ќелии се разликуваат од батериските ќелии бидејќи произведуваат електрична енергија само додека има доток на гориво, што значи дека овде не станува збор за складирање електрична енергија.
Денес со овие ќелии автомобилската индустрија доаѓа на прагот на новата ера во алтернативниот погон. Горивните ќелии сега се многу актуелни бидејќи стануваат извор на моќност што најверојатно ќе ги замени моторите со внатрешно согорување во следната генерација на транспортните возила. Иако долго се веруваше дека нивното комерцијализирање ќе биде уште далечно, навистина сите водечки автомобилски фирми произведуваат софистицирани возила за демонстрации со горивни ќелии, со многубројни неоткриени концепти за возилата.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.