Рубрика: Омнибус
Инфоком и Аудио & Видео '99
Автори: Александар Арсов, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од 16 до 20 септември во халите на Скопскиот Саем се претставија повеќе домашни и странски фирми специјализирани за комуникации, компјутерска, аудио и видео техника. Првите две хали беа наменети за саемот ИНФОКОМ '99 кој оваа година се одржа по петти пат. ИНФОКОМ е саем за презентација на компјутерската и комуникационата техника, и таму настапија Македонските Телекомуникации, Неоком, Дигит Компјутери, Сет Компјутери и други. Третата хала беше наменета за саемот АУДИО & ВИДЕО '99, кој оваа година се организираше за прв пат. Замислен е како саем за аудио и видео техниката и музички инструменти, но штандот на BASF сам по себе не можеше да го оправда зборот "Видео" во називот на овој саем, бидејќи во третата хала немаше воопшто никакви видео уреди! Видео техниката беше застапена единствено во првите две хали, на штандовите каде беа презентирани компјутерските видео проектори и дигиталните фотоапарати на Canon, Toshiba и Olympus.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.