Рубрика: Омнибус
Создавање на силициумска решетка со наноразмер (ВИДЕО)
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 26.06.2018 - 11:00

Научниците развија мала, самомонтажна форма направена од силициум, којашто можеби ќе може да се употреби како мини-контејнер за транспорт на лековите низ телото. Нанорешетката во форма на додекаедар има ширина од 11,8 nm, поради што би била погодна за употреба при целно администрирање на терапиите против рак. Ова видео ја раскажува приказната за тоа како истражувачите ја создале структурата и како со помош на слики направени со електронски микроскоп го утврдиле изгледот на оваа нанорешетка. Трудот беше објавен оваа недела, во списанието Nature.

* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.

Создавање на силициумска решетка со нано-размер
Клучни зборови: