Сите сме ги забележале долгите бели трагови налик на облачести линии на небото што понекогаш следат по поминувањето на млазен авион. Многу лесно е да се помисли дека тие се показател за присуство на хемикалии што кога и да е ќе паднат одозгора врз нашите глави. Одредени луѓе, склони кон теориите за светски заговор, овие траги ги нарекуваат “кемтрејлс” и веруваат дека се доказ за некои тајни владини проекти со разни злобни цели, најчесто за контрола на времето или за климатско инженерство.
Која е вистинската причина за нив? Овие кондензациски трагови, или скратено “контрејлс”, се последица од реакцијата на согорувањето на авионското гориво во млазниот мотор и хемискиот состав на воздухот. Погледнете го видеото направено од страна на Американското здружение на хемичари за работите да ви станат појасни.
П.С. видеото е достапно и со македонски превод во изборот