Електроника

Во ова продолжение од претставувањето на овој голем проект се запознаваме со начините на работа на LPS-95, а потоа ги претставуваме начините за читање на излезните величини. На крај даваме неколку совети при набавката на потребниот материјал чиј преглед го објавуваме во овој број. Со тоа ја заокружуваме теоретската подготовка која е неопходна за изведбата на овој проект.


Електроника

Да се направи квалитетен РФ модулатор и не е баш лесна задача. Се работи за изработка на уред чие работно подрачје е во областа на UHF (Ultra High Frequency - ултра високи фреквенции), притоа треба да поседува задоволителни карактеристики - стабилна фреквенција и квалитетна слика. Има многу решенија за изработка на РФ модулатори, но ретко кое од нив е квалитетно. Едно од решенијата за изработка на едноставен и воедно релативно квалитетен РФ модулатор е прикажано во следниов текст.


Аудио и видеотехника

Овој миксер е производ на јапонската компанија FOR A и се произведува во нивната фабрика во USA Video Gainsvile. Својата Европска премиера на која присуствуваше и авторот на текстот ја имаше на IBC (International Broadcast Convention) изложбата во Амстердам во септември 1998 година.


Аудио и видеотехника

Се сеќавате ли на звукот на hi-fi уредите од седумдесетите години - аудифилски обликуваните Marantz-и, Quad-овите, кои изгледаа посебно со надворешната и внатрешната архитектура, или едноставно направените и аскетски дизајнирани NAD-ови? Тој звук имаше во себе нешто посебно, до тогаш не слушнато, својствено само на, тогаш многу ретките, езотерични аудио-уреди. Токму на тој тип на звук ме потсетија првите тактови на музиката која извираше од звучниците приклучени на HK 620.


Аудио и видеотехника

Нашиот читател Петар Петровски од Скопје ни го донесе својот мал звучник и објасни дека го правел набрзина, без да обрнува многу внимание на изгледот. Во конструирањето на овој звучник Петар направил неколку грешки: избрал премногу евтин високотонец, не употребил RC компензација за линеаризација на импедансата на бас/среднотонскиот звучник, избрал премногу мал волумен на кутијата и не употребил добар материјал за дихтување. Но, да тргнеме со ред...


Електроника

Светски познатиот Hewlett-Packard пред неколку месеци ја промовираше својата нова серија на осцилоскопи со висок фреквентен опсег INFINIUM. Ознаката на оваа серија е HP 548XX и таа се состои од вкупно пет инструменти со фреквентни опсези од 500MHz до 1,5GHz. Ги има во дво-канална и четири-канална изведба со аналогно-дигитални конвертори од 1GSa/s до 8GSa/s, со длабочина на аквизициската меморија од 32kB до 64kB, за секој влез.


Електроника

Во претходните броеви на ЕМИТЕР имавте можност да најдете проекти на неколку интересни засилувачи. Секој од овие засилувачи си има и предности, но и свои недостатоци. Сепак колку и да се добри засилувачите, најчесто кај нив не е предвидена дополнителна заштита за звучниците, кои можат да бидат оштетени и од засилувач кој е со неколку пати помала излезна моќност од номиналната моќност на звучниците. Ова значи дека и засилувач со излезна моќност од 40W може да оштети звучник од 100W.


Аудио и видеотехника

Во очекување да ни се случи дигиталната телевизија, единственото нешто што нестрпливите можат да го сторат е подобро да се запознаат со карактеристиките и параметрите со кои, искрено се надеваме, наскоро ќе се сретнеме. Во светот на аналогните видео сигнали, резолуцијата на сликата се изразува во линии по слика (lines per picture height LPH) и ги означува губитоците предизвикани од процесот на хоризонтално и вертикално семплирање на сликата.


Електроника

Интерфоните се уреди кои во најголем број случаи се конципирани како еднонасочни. Со помош на специјалното копче кое се притиска кога сакате да зборувате се одвојуваат насоките помеѓу себе. Кај телефонските апарати, од друга страна, комуникацијата е двонасочна. Оваа погодност, на која сме веќе навикнати, беше основа за изработка на овој интерфон. Со овој уред можете слободно да зборувате и во моментите кога вашиот соговорник од другата страна го прави истото.


Електроника

Синхроната фазна јамка (phase locked loopk - PLL) има евидентни предности во синтетизирањето на фреквенции над класичниот метод. Пред се PLL колото може да работи со многу голем фактор на мултипликација (100 и повеќе) што е недостапно за класичниот умножувач, Потиснувањето на несаканите хармоници е многу добро и е од ред на величина 80dB. PLL колото се однесува како филтер со многу тесен пропустен опсег, па поради тоа и генерираниот шум е мал.


Електроника

Во превод, CMOS значи комплементарен пар на MOS (FET) транзистори (Complementar Metal Oxide Semiconductor). Принципот на неговата работа може да се каже дека е аналоген со работа на засилувач во B-класа (или било која повисока класа која користи комплементарни транзистори): за времето на високиот дел на влезниот сигнал, еден од транзисторите води, а другиот е блокиран.


Електроника

Во ова продолжение на серијалот го разгледуваме поимот Фазен раздвојувач. Притоа ги разгледуваме како триодниот фазен раздвојувач така и диференцијалниот засилувач. А, како додаток на читателите им нудиме и решение за Подобрување на бафер засилувач.


Електроника

Во овој дел продолжуваме со запознавањето со видовите на диоди, а потоа ги разгледуваме и начините кои постојата за нивно обележување. За крај, ве информираме за тоа како да ја испитате исправноста и карактеристиките на диодата која сакате да ја употребите.


Електроника

Утврдете дали некој ве лаже или ви ја кажува вистината. Овој уред работи на тој принцип што го мери отпорот на телото во различни психички состојби. Ако испитаникот лаже, неговата отпорност се менува (поради возбуда, потење и сл.), поради што стрелката на индикаторот се отклонува на лево или на десно од претходно подесената централна позиција.


Електроника

За мерачите на вртежи (тахометрите) кај бензинските мотори веќе е пишувано на страниците на ЕМИТЕР, бр. 1/97 и бр. 1/98. Основата на сите мерачи на вртежи е интегрирање на импулсите со константна ширина генерирани од моностабилен мултивибратор тригеруван под дејство на импулсите од прекинувачот на палењето, популарно наречен платина. Бројот на импулсите е еднаков на бројот на палења на свеќичките од моторот.


Електроника

Квалитетот и времетраењето на искрата, т.е. нејзината "топлина" зависи од напонот на индукцискиот калем (бобина), отпорноста на преносните кабли, растојанието помеѓу електродите на свеќичката, нејзината топлотна вредност и предадената енергија врз овие електроди (mW/s).


Аудио и видеотехника

Со акустичката повратна спрега се внесува дел од акустичката енергија од звучниот систем повторно во тој ист систем. Неодамна, на пазарот се појави Profecta произведена од Philips, насловена како Acoustic Feedback Supressor (AFS). Philips посебно развил софтвер за оваа намена, кој претставува дигитален аудио алгоритам за обработка. Со него може да се елиминира акустичката повратна спрега во најразлични ситуации, посебно при озвучувањето на затворени простории.


Омнибус

Правила за натпреварот PACC; FT-920; Нови правила за КБ - натпреварот "Гоце Делчев"; Календар на меѓународни КБ-натпревари


Омнибус

Chord CPA 3200 / SPM 1200C; Stax SR-001 MK 2; Clearaudio Evolution; Tascam DA - 45HR; ADC-212 и ADC-216 од Pico Technology; Нови пикови од Microchip; Пропагација; Изложбата на SBES во Бирмингем; DVCPRO50 од Panasonic; Sennheiser го прославува Neumann; Дигитални фосфорни осцилоскопи од Tektronix; DTV Stillstore; HD рикордер HDW - 500 од Sony; Сè во едно; MPEG - 2; Кориснички интерфејси


Писма
Незадоволство
Честитки, благодарности и THX звучници