Електроника

Долго време љубоморно чуваната електрична шема за испитување на електролитски кондензатори, конечно и на страниците на ЕМИТЕР. ESR-метар, претставува електронски инструмент за мерење на степенот на исушеност (свежината) на електролитската течност во електролитските кондензатори, без дислокација на испитуваната компонента од печатената плочка.


Електроника

Овде опишаниот уред ќе ви овозможи комуникација преку веќе постоечката градска мрежа од 220 волти. Намената за која вие ќе го користите ја оставаме на вашата фантазија. Двајца соговорници кои би поседувале по еден приемник и предавател би можеле да остварат телефонска, двонасочна врска. Други пак со овој уред би можеле да ја прислушкуваат просторијата во која им спие бебето, и тоа без разлика дали се наоѓаат во станот, на другиот спрат или во подрумот па дури и да се наоѓаат кај соседите.


Електроника

Секој сервисер на монитори или телевизиски приемници често пати има потреба од генератор на слика со чија помош се врши нагодување на одредени склопови од уредот кој се сервисира. За комплетно нагодување на секој дел од телевизиските приемници или монитори потребен ни е сет од карактеристични сигнали. Еден универзален сигнал кој се користи за нагодување на поголем дел од склоповите на телевизиските приемници е сигналот кој го емитува Македонската Телевизија пред почетокот на програмата.


Електроника

Уредот прикажан во овој напис овозможува оптичка лед индикација на нивото на напон на автомобилскиот акумулатор. Доколку напонот на акумулаторот е поголем од нормалниот, лед индикаторот непрекинато свети. Кога напонот на акумулаторот е во дозволените граници лед индикаторот е исклучен, а во случај да опадне под дозволените граници, лед индикаторот трепка.


Аудио и видеотехника

Зоран Павлевски до скоро не знаел за постоењето на списанието ЕМИТЕР, но бидејќи добриот глас далеку се слуша, преку еден негов пријател во раце му дошол еден примерок. Така дознал за постоењето на рубриката "Операциона сала" и за нашите бесплатни мерења на звучници, па така ни ги донесе своите звучници на мерење и анализа.


Аудио и видеотехника

Кога Rey Kimber пред две десетлетија го конструирал и произвел својот прв звучнички кабел наречен 4 PR, малкумина во индустријата, а уште помалку меѓу аудиопубликата, сфаќаа каква улога играат и какво значење за целокупниот звук на некој аудиосистем имаат жиците со кои меѓусебно се поврзуваат неговите составни делови.


Електроника

Во ова продолжение ќе стане збор за параметри на тиристорите каде подетално ќе ги разгледаме работните параметри, а ќе биде даден и кус осврт на нивните температурни и механички параметри, за потоа да ги разгледаме градбата и принципот на работа на дијак, како и неговите параметри.


Електроника

Во сите уреди од областа на електрониката, во прво време електронските цевки биле масовно употребувани. Се разбира дека тоа било неизбежно со оглед на тоа дека електронските цевки биле единствен засилувачки елемент. Со развојот на техниката и пронаоѓањето на транзисторот, употребата на електронските цевки почнала да опаѓа. Но, тоа не значи дека електронските цевки не се користат и денес. Овој пат ќе се запознаеме со употребата на електронските цевки во радио уредите.


Електроника

Најголем дел од читателите со овој уред се запознале преку рекламите за уред со слична намена каде се вели: ”само вие седете удобно во фотељата и мускулите сами ќе се зајакнуваат и бргу ќе го трошат вишокот на калории”. Секако дека има разлика помеѓу овој уред и уредите кои се продаваат и тоа во неколку работи, но прикажаниот уред е со далеку пониска цена од комерцијалниот, а е со слична ефикасност.


Електроника

Овој полнач служи за полнење на NiCd батерии со капацитет од 150mAh па нагоре. Колото е многу едноставно и се состои од монолитниот стабилизатор на напон 7805 кој е врзан така што претставува извор на константна струја.


Телекомуникации

Во последниве неколку години поголем дел од професионалните сателитски рисивери нудеа прием на дигитални и аналогни програми. Но, со тек на времето поголем дел од аналогните програми почнаа да се нудат и во дигитален формат. Тоа е причината поради која најголем дел од новите сателитски рисивери се опремени за прием само на дигитални програми.


Аудио и видеотехника

Каква и да било историја поврзана со развојниот пат на човечкиот род не може да се набљудува, ниту да постои издвоено, па така и историјата на компјутерското аудио не е историја сама за себе, туку е испреплетена, пред сè, со развојот на дигиталното аудио. Најдобар начин да се изврши анализа, и тоа логичка и хронолошка, е да се употреби временски редослед за тоа што било порано, што е сега и каде се оди понатаму со компјутерското аудио.


Електроника

Струјните извори се прават со разни цели и имаат широка примена во електрониката. Наједноставната метода за добивање на струен извор е отпорник врзан на извор на константен напон, но вака добиениот извор ќе биде зависен од оптоварувањето.


Електроника

Многу често, кога преснимувате или снимате, имате потреба од засилување на сигналот за да се добие на квалитет на снимката. Кога не можете да си го дозволите луксузот да набавите готов засилувач, наједноставно е да се послужите со решението кое ви е овде претставено.


Електроника

Ова коло служи за добивање на еднонасочен напон од 15V од една батерија од 1,5V.


Омнибус

Резултати од натпреварот CQ WW DX-CW за 1998 година;
Правила за натпреварот PACC;
Правила за натпреварот "Гоце Делчев";
HAM;
GCR


Омнибус

Sony SCD-777ES;
Marantz CD6000 OSE;
Микрофонски предзасилувач на APNEH;
Zingali overture 2S;
Преносна миксета;
Минилајзер;
ЕМО кабел тестер;
Како ме затекна 2000-та година;
Мерење на акустична карактеристика на GSM телефони;
Електрониката на интернет


Писма
Пофалби и сугестии
Размислувања за DTMF/Caller ID декодерот
Збунувачка врска во движечкото светло
Електролитски кондензатори во петпојасниот еквилајзер
Допечатување на потрошените броеви
Најдобри сме затоа што сме единствени?