Fiat сака да ја прекине доминацијата на конкурентските автомобили во компактната класа. Како и со што? Со Stilo, автомобил кој се нуди во две каросериски изведби, со четири бензински и два турбодизелски мотори, со богата опрема, со високо ниво на безбедност, со употреба на квалитетни материјали во внатрешноста, со висококвалитетна завршна обработка и сето тоа понудено за конкурентна цена.