Рубрика: Макетарство и моделарство
Нанесување на налепници
Автор: Марјан Трајков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денешните макетарски сетови скоро без исклучок како составен дел поседуваат комплет налепници ("Decal"-и). Иако постапката за нивно нанесување е релативно позната, едноставна и обично сликовито опишана во описот за составување, сепак се потребни некои предзнаења за начинот на чување, отстранување и правилно нанесување на налепниците на макетата, за да се постигне потребниот квалитет.

Налепниците и нивното нанесување се една од последните етапи во составувањето на макетите. Откако сте набавиле макета, при нејзиното отварање многумина ја прават првата грешка, а тоа е начинот на држење на налепниците. Налепниците во принцип не треба да бидат допирани по површината, од проста причина што маснотијата од прстите се задржува на површината на налепницата и откако ќе се нанесе на макетата, отисоците од прстите се забележуваат. Затоа доколку сакате да го разгледате табакот со налепниците, трудете се да го држите по краевите.

Oзнаките на моделот се нанесени во форма на налепници

Иако во овој текст комплетно ја опишавме основната постапка за нанесување на налепниците, препорачливо е доколку со текот на времето стекнете доволно искуство во ракувањето со воздушните прскалки (Airbrush-и), нив да ги примените за боење на симболите наместо нанесување на соодветните налепници за тие симболи. Тоа пред сè се однесува на поголемите и поедноставните форми на симболи.

Поедноставните форми на шари и ознаки на макетата понекогаш е подобро да се направат со воздушна прскалка

Во динамичниот свет на макетарството советите и описот на постапката на нанесување на налепници дадени во овој напис се само основа на она што може да се направи. Со напредокот на технологијата се зголемуваат и можностите, па така, во списанијата кои го следат макетарството  и на Интернет ќе имате можност да се запознаете и со новите достигнувања и можности што ги нудат разни производители. Пред сè мислам на оние кои нудат нови средства кои се користат при нанесувањето на налепниците, разни раствори кои ја омекнуваат и соодветно ја прилепуваат налепницата кон површинатана макетата, заштитни слоеви итн.

Клучни зборови:
Нанесените ознаки на моделот се во форма на налепници

Нанесените ознаки на моделот се во форма на налепници

Ознаки на моделот се нанесени со воздушна прскалка

Ознаки на моделот се нанесени со воздушна прскалка

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.