Рубрика: Аудио и видеотехника
Аудио & Видео 2002
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Аудиофилите со нетрпение го очекуваа саемот AUDIO &VIDEO 2002, надевајќи се дека на едно место ќе ги видат (и чујат) сите најнови и најинтересни аудио уреди, претставени од сите застапници и дистрибутери во Скопје. Но, кога најпосле осамна тој долго очекуван ден, посетителите во Павиљонот ги пречекаа само 4 (и со зборови: четири) фирми за аудио опрема!

За среќа, штандовите на КОДИ (т.е. “Аудио Центар” – БОЛИН и LOEWE studio) и на ДО-РЕ-МИ (застапникот на Yamaha) беа големи, богато опремени и забавни. Помалите фирми Pro Audio и ZEC-electronics исто така максимално се ангажираа и го изложија целокупниот нивни асортиман. Значи, овие 4 фирми што дојдоа и што се претставија на Саемот навистина се потрудија да ги задоволат посетителите. Мислам дека беа сосем успешни во тој поглед. А што е со останатите фирми? Од доверливи извори (врапчињата) слушнав дека цените за изнајмувањето на просторот на Саемот беа високи, така што тоа сигурно е еден од факторите кои одбивно делуваа на заинтересираните фирми. Не се разбирам од бизнис, но сепак мислам дека политиката на Скопскиот Саем е погрешна – ако цените за изнајмување на просторот беа двојно помали, ќе имаше трипати повеќе изложувачи, а тоа значи поголем профит за Саемот. И позадоволни посетители.

Фирмата КОДИ изложи нови и многу атрактивни производи: на пример, најновиот surround рисивер Marantz SR 8200, еден масивен, добро опремен уред (Dolby Digital 6.1, DTS ES, S-video влезови, итн.) со добар дизајн и во убава шампањ-златна боја, кој беше толку нов модел, што сè уште немаа проспект за него, ниту некои подетални податоци.

DVD плеер и рисивер за домашно кино Marantz Eclipse

ZEC-ELECTRONICS изложи голем број на компоненти за самоградба на звучници од фирмите Simsonik и Boschman за домашна употреба, но и за разглас, потоа фабрички звучни кутии од италијанските фирми Koda и Dibeisi, засилувачи за разглас Koda и засилувачи 100 V линии Asys, плафонски звучници, микрофони, Philips слушалки и др.

ДО-РЕ-МИ, застапникот на Yamaha, изложи многу производи: Clavinova CLP-930 (личи на минијатурно пијанино, но дава звук на голем концертен клавир, филингот на клавишите е потполно ист), електрични тапани DTXPRESS (идеално за вежбање – комшиите ништо нема да слушаат, а кога треба настап во живо – грмат многу уверливо), класични тапани, електрични гитари, професионални активни звучници за разглас MS 400 (15 инчен бас со 300 W засилувач, 2 инчна (!) титаниумска калота во високотонската хорна со 100 W засилувач), и разновидни модели на синтисајзери.

Yamaha Clavinova од штандот на ДО-РЕ-МИ 

Про Аудио самостојно ги изработуваат сите уреди: 4 модела на засилувачи за гитара (15, 30, 60 и 80 W), засилувачи за бас-гитара од 100W до 400W, звучни кутии за гитари (со вградени британски звучници Celestion), миксети со вградени засилувачи од 250W до 800W. “Ова се уреди направени од музичар – за музичари” – ми кажаа.

Во Павиљонот фирмата Делта имаше изложено двогледи, микроскопи и телескопи од италијанската компанија Konus – веројатно сте ги забележале во некои книжарници, но овде имаше голем избор.

Имаше добра понуда на фотоапарати – класични и дигитални, од Canon (застапник: Genel), од Olympus (застапник: Micei International) и од Pentacon (застапник: Balkan-Impex). Посебна атрактивност на штандот на Olympus беа фотосесиите на Дејан Миличевиќ. Стариот познаник Pentacon, некогаш познатиот источногермански производител на класични фотоапарати (во мое време фотоапаратот Praktica беше поим за квалитет со релативно пристојна цена, додека Canon  и Olympus беа само недостижен сон) сега се претстави како модерна фабрика, со понуда на дигитални и класични фотоапарати Praktica и ExaKta.

Клучни зборови:
Loewe Aconda систем за домашно кино на штандот на КОДИ

Loewe Aconda систем за домашно кино на штандот на КОДИ

DVD плеер и рисивер за домашно кино Marantz Eclipse

DVD плеер и рисивер за домашно кино Marantz Eclipse

Yamaha Clavinova од штандот на ДО-РЕ-МИ

Yamaha Clavinova од штандот на ДО-РЕ-МИ 

Гитарски засилувачи и разгласи на штандот на ПРО АУДИО

Гитарски засилувачи и разгласи на штандот на ПРО АУДИО

Системи за озвучување од штандот на ZEC Electronics

Системи за озвучување од штандот на ZEC Electronics

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.