Омнибус

Европа планира нова мисија на Марс;
Огледалото на СОФИА;
Третата генерација на Нисан Патфајндер во поход на Европа;
Астрономски речник: ректасацензија и деклинација, азимут и висина;
Отворено државно АРДФ првенство на Македонија;
ТТТ 2005;
Nexans во Македонија;
ХП зборува македонски;
Мона Лиза на патување во вселената;
Нокиа развива визуелно радио;
ИБЛ-2000;
Најтенкиот 40-инчен ТВ панел;


Автомобилска техника

Без сомнение, спојката е еден од најчесто употребуваните склопови на моторното возило. Без оваа спојка не може да се замисли тргнувањето и воопшто, движењето на автомобилот. Ова се само две најважни задачи од неколкуте други што мора да ги исполни спојката. Во овој текст, што се состои од два дела, накратко ќе бидат прикажани и објаснети основните видови и најчесто применувани спојки за автомобилите.


Аеронаутика

Во класата на мали млазни патнички авиони, леталото Лирџет 60 благодарејќи на големиот долет, внатрешниот комфор и малата бучава, претставува едно од најпопуларните летала во светот на бизнисот. Од неодамна, еден примерок од овој авион е во служба и на Владата на Република Македонија.


Аеронаутика

И покрај утврденото јавно мислење кое одамна го инаугурира Конкорд (Concorde) како знаменосец на новата ера во воздушниот, патнички превоз, вистинскиот зачетник на таа надзвучна, технолошка револуција е токму неговиот советски пандан, Тупољев Ту-144. Декадите поминати во своевидна, честопати неправедно исфорсирана, сенка на својот западен "брат" се најмалата причина поради која го вадиме овој воздухоплов од "историскиот хангар" и ви го прикажуваме, на страниците на ЕМИТЕР.


Астрономија и астронаутика

Колку добро ја познавате астрономијата? Мислам, колку навистина ја познавате? Комплетно, без сомневање, доволно да се обложите до последниот денар, 100 проценти апсолутно сигурни во тоа? Ммм... Сакате да се обложиме? На следниве неколку страници, ќе ви претставам пет астрономски појави, кои, иако ви се чинат обични, сепак не ви се доволно јасни. Да видиме колку навистина знаете, или колку мислите дека знаете, а всушност не знаете.


Астрономија и астронаутика

Овој месец ќе се случи спектакуларното доближување на Меркур, Венера и Сатурн. На 25 и 26 јуни овие три планети ќе формираат триаголник нешто поголем од 10, и ќе бидат забележливи на западното небо веднаш по зајдисонце. Нивните магнитуди тие денови ќе изнесуваат -1,2, -3,75 и +0,23, респективно. ќе бидат тешко забележливи со голо око, но со оптички помагала, двоглед или телескоп, особено заради нивната близина, ќе претставуваат прекрасна глетка.


Астрономија и астронаутика

Судбината на Сончевиот систем е одамна позната: По 4,5 милијарди години нашето Сонце ќе згасне и целиот Сончев систем ќе биде без услови за живот. И судбината на вселената, исто така, е позната: Таа експандира акцелерациски (забрзувачки) кон бесконечна големина, темнина и студ со температура близу апсолутна нула (Big Freeze). А каква е судбината на човекот? ќе може ли тој во далечна иднина да ја колонизира вселената, дури и да се пресели во некој друг универзум?


Аудио и видеотехника

Во минатиот број ги видовме технологиите на новите рамни тенки дисплеи. На телевизискиот пазар, освен квалитетот на приказот, сé поважен фактор ќе биде и резолуцијата која ќе може да ја постигне дисплејот без притоа да треба во заднина да се прават дополнителни обработки на сликата. ќе кажете, па само треба да биде со широк екран (16:9), т.е. да е со висока дефиниција (HDTV), но дали е тоа доволно?


Аудио и видеотехника

Ако досега сте се изнагледале и изнакупиле Neo производи од типот на клима, ТВ, ДВД… сега имате прилика Neo да биде ваш мал преносен и неразделен пријател и тоа во вид на: USB мемориски диск/MP3/FM/гласовен снимач, сето тоа во едно!


Аудио и видеотехника

Несомнено е значајна улогата на фирмата Klark Teknik на полето на професионалниот аудиопазар, пред сé поради бележитиот успех на нејзините производи и нивната застапеност во студијата ширум светот. Според отстапувањето од стандардниот англиски правопис во името на фирмата, лесно се заклучува, и тоа погрешно, дека се работи за германска фирма; всушност, тоа е англиска фирма, формирана од англичани.


Аудио и видеотехника

Честопати сме сведоци кога некој со гордост го споменува името на својот професор од времето на школувањето. Исто така, често, се случува и професорот со гордост да го споменува името на својот ученик кој успеал во својот професионален порив. Во оваа втора група спаѓаат авторот на овие редови и познатиот тонмајстор Братислав Зафировски од агенцијата за звук "Скриениот змеј"


Биологија

Пеперутките уште од најстарите времиња го фасцинирале човечкиот род. Нивната колоритна појава, леснотијата во летот, веселата природа и преобразувањето, метаморфозата, инспирирале генерации луѓе да ги вметнат како симболи на културното живеење, медитирање, фантазии, соништа и креативност.


Електроника

Ако имате прилика да отворите разводен орман на некоја посовремена машина, наместо голем број електромагнетски склопки за управување со електромоторите, ќе видите убаво дизајнирани кутии со тастери и дисплеј, наречени фреквенциски претворувачи со IGBT (Insulated Gate Bipolar Transistors – транзистори со изолиран гејт). Со овие претворувачи се обезбедува промена на брзината и насоката на вртење, константен момент на оптоварување и потребната заштита на моторот со кој се управува.


Електроника

Во неколку наврати во ЕМИТЕР имаме пишувано за радиогониометрирањето. Аматерската радиогониометрија (АРГ) е дисциплина која е доста популарна во светот па и кај нас. Во овој број ќе прикажеме едноставен за градба радиогониометар за 80-метарско радиоаматерско браново подрачје. Сега покрај радиоаматерите и училиштата ќе можат да си имаат свој радиогониометар за натпревари.


Електроника

Во овој напис ќе проследите еден проект на моќен аудиозасилувач со интегрирано хибридно коло STK4038II од STK-серијата. Поради високото напонско засилување и вградената контрола за јачина на звукот, овој засилувач прави една комплетна целина во моноверзија. Во овој проект ППК е дизајнирана, така што на неа можат да се вградат повеќе типови кола од серијата STK, почнувајќи од STK4018II (Po=6W), па се до STK4044II (Po=100W).


Електроника

Електричното коло прикажано во овој краток напис претставува едноставно, но високоефикасно коло за контролирање на температурата на водата.


Електроника

Наместо класичното решение со кварцен осцилатор и соодветни делители, нудиме поедноставно и поевтино решение кое преку индуктивна врска (антена) го детектира мрежниот напон (кој има прилично стабилна фреквенција од 50Hz) и од него со помош на два бројачи 4017 создава правоаголен такт од 1Hz.


Информатика

Од ден на ден сé повеќе стануваме свесни дека времето на класичните монитори со катодна цевка, и покрај нивниот висок квалитет на прикажаната слика, сé повеке одминува, а нивното место се повеќе го заземаат мониторите со течни кристали и плазма мониторите. Затоа за овој број се одлучивме да тестираме два TFT-монитора од реномираниот светски производител Samsung.


Информатика

Невозможно е да направите корисничка програма во Microsoft Access, а да не го употребите Microsoft Visual Basic. Употребата на овој програмски јазик е неизбежна ако сакате да направите програм кој ќе биде услужлив и функционален. Пишувањето на кодот може да биде напорна работа и да одземе доста време. Но, затоа Access-от и во овој случај ви нуди помош преку волшебници (wizards), кои при нивното извршување автоматски го испишуваат кодот во заднината.


Информатика

Спам, најголемата напаст на информатичките системи. Речиси на една третина од корисниците на електронска пошта ширум светот, од 5 примени пораки, 4 од нив им пристигаат како спам порака. Верувам дека нема потреба од разни дефиниции што е спам. Можете да ги користите сите "погрдни" зборови за дефинирање на спамот и верувајте нема да погрешите. Популарно можете да ги сретнете како: junk , bulk, trash….


Информатика

Нема потреба од многу коментирање, самиот наслов кажува многу. Научете нешто повеќе за најкористениот оперативен систем во светот, Windows. Ова се МАЛИ ТАЈНИ НА ГОЛЕМИТЕ МАЈСТОРИ!


Информатика

Еден од водечките производители на преносни компјутери, американската компанија Ејсер (Acer), неодамна на пазарот го претстави најновиот модел на преносен компјутер, Acer 3400, кој ја продолжува линијата брендирана со името на познатиот производител на спортски автомобили Ферари (Ferrari).


Медицина

Марихуаната е дрога со контроверзна историја. Ако му ја спомнете на еден човек, тој ќе си замисли наргиле и хипици. Ако му ја спомнете на друг, ќе го асоцира на релаксација и забавување на модерното лудило, а кај трет, пациент болен од СИДА или рак, спас од постојано повраќање и хронична болка. Марихуаната е сето ова и многу повеќе. Таа му е позната на секој човек без разлика дали е тој свесен за тоа или не. Секој човек, односно неговиот мозок си создава сопствена марихуана.


Телекомуникации

Досега во ЕМИТЕР имаме објавено многу написи од областа на телекомуникациите, а сите тие написи нормално изобилуваат со многу стручни поими. За секој од овие термини во написите е даван краток опис, но за да се зачува вистинската тема на написот најчесто овие описи се кратки и недоволно разбирливи за неупатените читатели.


Автомобилска техника

Формула 1 како еден од најпопуларните, најатрактивните и највозбудливите спортови кој трае веќе 56 години и во чии рамки се извозени над 700 гран-при трки, изобилува со безброј настани, моменти, личности и болиди кои дале свој придонес за збогатувањето на историјата на ова натпреварување.


Писма
Проблеми со мазната хартија
Бас-звучник за гитара
Активна свртница и автоматско вклучување/исклучување на засилувач
Замена за елементите во трепкачот од е 1/04