Омнибус

Лаптоп за 100 $, мета на вандалите;
Испитани атмосферите на две екстрасоларни планети;
KIA Cee'd - од Европа за европскиот купувач;
HP формира нов оддел за деловни информации и нивни менаџмент;
Мајкрософт ИТ академија при ФЕИТ;
Вода сè уште тече на Марс?;
Презентација на Сенсо Микро;
Втора генерација на Land Rover Freelander;
LG BH100 - првиот хибриден HD DVD/RAY репродуктор;
APPLE TV - IPOD за домашна употреба;


Автомобилска техника

Типичен пример на успешен самостоен бизнис во автомобилската индустрија, воден од човек кој размислува со своја глава. Развојот на неговата фирма е идентичен со развојот на автомобилската индустрија гледано во целина. Оставил печат во класичната британска автомобилска индустрија со елегантниот дизајн на каросеријата на своите автомобили: едноставно безвременски автомобилски дизајн. Карактеристична е спортската нота кај овие автомобили. Значајно име во автомобилскиот свет.


Автомобилска техника

Одбележувањето на 120-годишниот јубилеј на автомобилот секако дека нема да биде потполно ако не се осврнеме и на возилото од огромно историско, па и воено-политичко значење. Доволен е само фактот дека цела една автомобилска класа "народски" е именувана токму според неговото име и - сé е јасно. Како возило кое се појавува како резултат на потребите на Американската војска за време на Втората светска војна, Џип Вилис зазема посебно место во автомобилската индустрија.


Аеронаутика

По Втората светска војна ривалството во новиот свет, поделен меѓу Истокот и Западот, водеше кон забрзан развој на нови технологии во сите сфери на воената индустрија, што особено беше изразено во аеронаутиката.


Астрономија и астронаутика

Во минатиот број на Емитер ви го претставив соѕвездието Орион. Како што беше ветено, во овој број ќе продолжам со представување на некои од објектите кои се наоѓаат во него. Прво ќе се запознаеме со Орионовиот молекуларен облак, кој ги "обединува" добро познатите објекти од соѕвездието Орион, а потоа ќе започнеме и со дел од овие објекти - маглините Оган и М78.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на затемнувањето на Месечината и окултацијата на Сатурн.


Аудио и видеотехника

Новата серија на реномираниот Wharfedale, едноставно именувана како Evo2, припаѓа во горниот дел од неговата понуда и содржи вкупно шест звучни кутии - две предвидени за поставување на статив, три самостоечки и еден централен звучник.


Аудио и видеотехника

Кога не би биле тоа што сте, со големо задоволство животот би го минале бавејќи се со: 1. Политика; 2. Трговија на големо и мало; 3. Глупости; 4. С� што носи многу пари, па макар и незаконито; 5. Изработка на професионални аналогни аудиопроцесори.


Електроника

Насочувачите составени од мрежен трансформатор, диоден мост и кондензатор како филтер се едни од најчесто користените кола за добивање на еднонасочен напон од мрежата. За мали моќности, елементите се евтини и обично, поради сигурност, предимензионирани. За големи моќности, цената на елементите значително расте и не е сеедно каков елемент ќе се употреби во конкретната реализација.


Електроника

Интегрираните регулатори на напон со три изводи можат да работат само доколку влезниот напон е два до три волти поголем од излезниот. Оваа особина ги прави непогодни за изработка на извори што се напојуваат од батерија.


Електроника

Овој едноставен инвертор кој е евтин, практичен и се покажа како многу издржлив во досегашното практично користење, може да биде исто така и модел на кој и почетниците ќе можат да го развиваат своето искуство, но истовремено и да направат практичен уред кој ќе го користат при кампување или евентуален недостаток на електрична енергија за осветлување во домовите, работните простории, гаражите...


Електроника

Законите на природата, а меѓу нив и на електротехниката, се непроменливи и тие немаат за цел да ни го комплицираат животот, туку да ни насочат кон вистинските решенија. Овие закони се надвор од можностите на човекот да ги менува според своите потреби, човекот може само да ги открива. Еден од нив е и Омовиот закон кој ги уредува односите меѓу струјата, напонот и отпорот меѓу две точки во едно електрично коло.


Информатика

Веќе цели шест години Windows XP го зазема тронот при избор на најкористен оперативен систем во светот. Толку време им беше потребно на софтверските инженери на Microsoft да создадат нов оперативен систем. Првично познат под кодното име "Longhorn", за подоцна да му го променат називот во Виста, новиот и најверојатно најсовршениот оперативен систем издаден досега за персоналните компјутери, најпосле го виде светлото на денот.


Информатика

Денес на пазарот постојат голем број на мрежни уреди кои служат за поврзување на два или повеќе компјутери или други кориснички уреди преку различни медиуми за пренос, какви што се бакарниот или оптичкиот кабел, или пак безжично поврзување преку етерот.


Информатика

Откако во претходните два броја на ЕМИТЕР ви покажавме како да ја испланирате содржината и да го дизајнирате изгледот на еден личен веб-сајт, а потоа и како да ги составите сите парчиња од мозаикот за да го добиете финалниот производ, личниот сајт на Мирко, во овој број вниманието ќе го насочиме кон претставувањето на вашето дело пред интернет-заедницата.


Информатика

Microsoft . NET Framework претставува софтверска компонента која може да биде интегрирана со Microsoft Windows оперативниот систем. Оваа компонента ни обезбедува широк спектар на прекодирани програмски решенија за кои се претпоставува дека се најчесто користени во програмерската пракса. Исто така, оваа компонента го менаџира извршувањето на апликациите специјално напишани за него, и, секако е, најкористена компонента кога се работи за нови апликации креирани на Windows платформата.


Информатика

Во индустријата на графички картички NVIDIA GeForce 8800 GTX и NVIDIA GeForce 8800 GTS ќе останат запаметени по тоа што се првите кои поддржуваат DirectX 10. Овој факт, ја прави оваа серија на графички картички моментално единствен избор за корисниците кои сакаат максимално да ги искористат благодетите на новиот интерфејс што го понуди Microsoft во својот нов оперативен систем Windows Vista.


Историја и археологија

Најновите откритија на група археолози од Индонезија укажуваат дека модерниот човек (Homo Sapiens) живеел паралелно со џуџеста раса на луѓе.


Телекомуникации

Концептот на веќе легендарниот модел RAZR V3 на Моторола доживеа ново освежување и на пазарот отсега ќе се препознава по името KRZR. Дизајнот и ексклузивната изведба, како основни и лесно препознатливи параметри, и натаму остануваат доминантни обележја, а сега се проследени и со адекватно подобрени технички карактерситики.


Телекомуникации

После минатиот број на Емитер каде што се запознавте со DVB-S/S2 следен стандард на ред е DVB-C. Со него се дефинира дигиталната кабелска телевизија. Сличен е со DVB-S и претставува еден вид на негово продолжение и надополнување.


Физика

Теоретските резултати од студијата за ентропија на црните дупки сугерираат дека универзумот може да е сличен на гигантски холограм: 2-димензионална матрица, во која кодирано се содржани сите физички податоци за гледање 3-димензионална слика на универзумот.


Астрономија и астронаутика

На интернет-страницата http://www.esa.int/SPECIALS/Cassini-Huygens може да се добијат информации за мисијата на вселенската сонда Cassini-Huygens. Притоа може да се видат слики на планетите од нашиот Сончев систем што ги снимила сондата. Се забележува дека надворешните планети од нашиот Сончев систем имаат прстени со сложен состав. Како настанале тие?


Аудио и видеотехника

Во минатиот број на ЕМИТЕР најдовме начин како да ги измериме основните параметри кои го опишуваат однесувањето на еден звучник. Параметри со кои можеме да предвидиме како истиот звучник би "свирел" во некоја веќе изработена кутија или обратно, каква е таа кутија во која истиот би свирел најдобро. Значи, првиот чекор е направен, останува уште да изодиме еден долг пат до крајната цел - квалитетна звучна кутија.


Електроника

По успешната изработка на предзасилувачот со тон контролите, излезниот засилувач и напојувањето, следи "амалскиот" дел од работата. Јас го нарекувам амалски, бидејќи бара доста напор, трпеливост, снаодливост и труд, односно физички и дизајнерски способности. Со овој мој заклучок ќе се сложите ако го проследите текстот што следува.


Медицина

Вековниот сон за вештачка замена за најскапоцената течност - крвта, се оствари. Напорното 25 годишно истражување на полето за замена на крвта од страна на научниците од FDA - Тексас, вроди со плод. Добиена е течна супстанца која не само што ја заменува крвта, туку и 50 пати подобро го пренесува кислородот до ткивата. Новиот течен феномен има бела боја и е наречен оксицит (Oxycyte). Оксицитот подобро го пренесува кислородот до оштетените ткива отколку хемоглобинот, затоа успешно се користи во третман на срцев напад, мозочен удар, слабокрвност и повреди на продолжениот мозок.


Писма
Омекнувач на звук
Прашања за моќниот инвертор од Е7-8/05
Каталог и материјали за модели
Полнење на поголеми NiMh батерии
Бројач на вртежи за мотор со 2 цилиндри
Поголем трансформатор во гитарски засилувач