Рубрика: Астрономија и астронаутика
Системи од прстени
Автор: Милена Бојаџиска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На интернет-страницата http://www.esa.int/SPECIALS/Cassini-Huygens може да се добијат информации за мисијата на вселенската сонда Cassini-Huygens. Притоа може да се видат слики на планетите од нашиот Сончев систем што ги снимила сондата. Се забележува дека надворешните планети од нашиот Сончев систем имаат прстени со сложен состав. Како настанале тие?

Кога Галилео Галилеј во 1610 година го забележал Сатурн, забележал и дека тој има странични израстоци. Оедесет години подоцна, Хајгенс потврдил дека околу Сатурн постои цврст прстен што ја обиколува планетата. Во 1857 година Џ. К. Максвел добил награда од Универзитетот во Кембриџ за математичкиот опис на прстените од Сатурн. Тој докажал дека прстените се составени од мали делчиња што се движат околу планетата како единечни сателити. Во 1977 година Џ. Л. Елиот од Универзитетот Корвел во Јута открил дека и Уран е опколен со ред од тесни зони, елиптични и наклонети. Во наредните седум години беа откриени прстени и околу другите големи планети.

Шематски приказ на системите од прстени на Сатурн (горе) и Уран (долу)

Досега се збае дека постојат околу четири системи од прстени што се разликуваат во детали. Заедничка им е нивната фина структура. Тие се составени од повеќе концентрични прстени помеѓу кои постојат процепи чија ширина е различна. Составот на прстените е разновиден, но најзастапени се делчињата од мраз и камен. Сите составни делчиња се движат по свои орбити околу централната планета и при тоа може да се случи судир помеѓу нив. Системите од прстени се означени со големи букви од латинската азбука или со грчки букви.

Во продолжение на овој напис да се запознаеме со карактеристиките и видовите на прстените, влијанието на месечините врз нив, како и староста на прстените.

Клучни зборови:
Шематски приказ на системите од прстени на Сатурн (горе) и Уран (долу)

Шематски приказ на системите од прстени на Сатурн (горе) и Уран (долу)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.