Рубрика: Астрономија и астронаутика
Месечевите кратери помагаат во утврдување на староста на планетите
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со комбинирање на набљудувањата направени од страна на LRO со оние направени од другите вселенски летала, научниците би можеле подиректно да ја одредат релативната честота на удари од астероиди ширум сончевиот систем. Подоцна со помош на добиените податоци тие се надеваат да направат попрецизна процена на староста на секоја од планетите во Сончевиот систем.

На далечната страна на Месечината, река од темни карпи се шири од кратерот широк три километри и се двои во вид на чатал. Протокот е формиран кога астероид или комета удрил во површината и притоа ги загреал карпите на повеќе од 1000 °C, предизвикувајќи растопениот материјал да се распостеле на дури три километри оддалеченост од работ на кратерот. Оваа ударна лузна е само една од илјадниците кои во досега невидени детали ги фотографираше Месечевиот орбитер на НАСА (LRO), кој се наоѓа во орбита на Месечината од јуни 2009 година и ја фотографира месечевата површина со резолуција до 50 сантиметри на пиксел.

Клучни зборови:

Спектакуларно зачуваниот истек од кратерот Бириус А (со дијаметар од 19 km).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.