Рубрика: Аудио и видеотехника
Операциона сала: звучници од нашите читатели
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нашиот читател Славко Стојковски ја направи подобрата варијанта на звучникот Techno 8 (проектот во ЕМИТЕР 10/96), токму како што препорачав: со поквалитетниот високотонец Simsonik YDQG 5-2 (наместо YDQG 5-1) и со поголем волумен на кутијата. Проектот Techno 8 беше направен пред да го купам уредот CLIO и ова ми е прв пат да измерам некој звучник кој е правен врз база на тој проект (а направени се голем број, колку што дознав). Нашиот читател Данчо Илиевски храбро се нафатил да направи band-pass сабвуфер, и тоа "од око", без да ги знае Thiele-Small параметрите на бас-звучникот. Резултатите на ваквите храбри обиди во 99% од случаите се катастрофално лоши, а Данчо имал среќа неговиот сабвуфер да биде во оние 1% лоши. На Данчо му давам плус за храброста, но и минус за направените грешки во концепцијата и реализацијата.

Славко сам ја проектирал свртницата, која е комбинација на филтер од прв ред (6 dB/октава) за бас-звучникот и од втор ред (12 dB/октава) за високотонецот, но бидејќи не ги знаел Thiele-Small параметрите Re и Le, не можел да ги одреди вредностите за RC компензацијата на индуктивната компонента од импедансата на бас-звучникот. Осетливоста (ефикасноста) на високотонецот е повисока од онаа на бас-звучникот, така што е неопходен отпорник за атенуација на високотонецот, но Славко него не го вградил, иако на слух забележал дека високите тонови се пренагласени.

На Славко му пишувам минус бидејќи не ја доработил свртницата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.