Рубрика: Телекомуникации
Ground-plane антена
Автор: Владимир Ковачески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5-6/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ground – Plane (GP) е антена со вертикална поларизација со низок агол на зрачење омнидирекционално во сите насоки. Со оглед на нејзините карактеристики како и едноставноста на конструирање и поставување, овој тип на антена е често употребуван од радиоаматерите.

Главна придобивка на GP антената е нискиот агол на зрачење во однос на хоризонтот што е од особена важност при воспоставувањето далечни (DX) врски. На пониските радиоаматерски опсези 160, 80 и 40m, многу е тешко да се постават антени на соодветна висина над земјата која изнесува најмалку l/4 до l/2. На пример l/2 дипол за 160m опсег треба да се наоѓа на минимум висина од 40 до 80m; за 80m опсег од 20 до 40m; за 40m опсег од 10 до 20m што практично тешко се постигнува. Токму овде вертикалните антени односно GP ја наоѓа својата примена како единствен достапен начин да се добие низок агол на зрачење на “долните опсези”.

Друга предност е таа што GP зрачи подеднакво во сите насоки (360°) така што нема “мртви” насоки како што има на пример диполот и другите видови антени. Радиоаматерите кои се “непријателски” расположени кон вертикалните антени на шега велат дека таа зрачи “подеднакво лошо на сите страни”. Но да ја оставиме шегата на страна, GP антената како и секоја друга антена има свои предности и недостатоци. Почитувајќи ги правилата за нејзино конструирање и поставување истата може да даде задоволителни резултати било како основна и единствена антена на одреден опсег, било како помошна односно дополнителна заедно со други видови антени.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.