Емитер 5-6/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Автоматот за бришачи AB -55 ја обединува работата на предниот и задниот бришач на една заедничка команда. Развиен е за возилата ЈУГО 55 но може да се користи во сите возила кај кои со бришачите се управува на ист или сличен начин.
Да се потсетиме. Во возилото ЈУГО 55 постојат два независни прекинувачи со кои се управува со работата на бришачите. Со предните бришачи се управува со помош на двоен троположбен прекинувач сместен на столбот на воланот (рекета). Истиот има и тастерска положба за вклучување на перачот на ветробранското стакло. Прекинувачот за управување со работата на задниот бришач се наоѓа лево од воланот во редица со прекинувачите за светло, вентилација, предупредувачко трепкање и греење на задното стакло. Тој има една прекинувачка положба за вклучување на задниот бришач и една тастерска положба во која истовремено со бришачот се вклучува и перачот на задно стакло. За разлика од задниот бришач кој нема можност за избор на начинот на работа, предните бришачи можат да работат во интервали и непрекинато. Пребришувањето во интервали го овозможува автоматот за бришачи при што, според податоците на производителот, бројот на пребришувања се движи помеѓу 9 и 17 во минута.

Со автоматот за бришачи AB - 55 се задржуваат сите функции на бришачите. Притоа со постоечкиот прекинувач за предни бришачи истовремено се управува и со предните и со задниот бришач, а со постоечкиот прекинувач за задниот бришач само се овозможува или оневозможува работата на задниот бришач. Освен тоа, при работа во интервали, автоматот овозможува чекорен избор на зачестеноста на пребришување. За сето ова, покрај автоматот, потребен е и еден троположбен прекинувач, неколку нови врски и мала измена во постоечката инсталација на возилото.
ИК: MC 1455
Релеј 12VDC
прекинувач за средно и позиционо светло
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.