Рубрика: Аудио и видеотехника
Интервју со Руперт Нив (1)
Автор: Миле Серафимовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5-6/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


При крајот на предминатата година се појави едно многу интересно интервју направено со легендарниот аудиоконструктор Rupert Neve кој во светските аудио кругови ужива несомнена почит. Во него се опфатени разни области на аудиотехниката. Како и да е, неговите мислења и сфаќања во врска со тековните, поранешните и идните дилеми на аудиотехниката се надеваме дека ќе бидат многу интересни не само за професионалците, туку за поширок круг читатели. Интервјуто е преработено без да се навлегува во суштината на оригиналните изјави.

Руперт Нив. Име повезано со најпосакуваните и најтрајните професионални аудио уреди што досега се направени. Со кариера што поврзува четири децении во аудиото, неговата репутација е изградена благодарение на придржувањето колку е можно повеќе на основните принципи, слушајќи ги внимателно уредите што ги гради, и слушајќи ги внимателно луѓето што ги користат. Руперт Нив востанови две од најреспектираните имиња во аналогното аудио: Neve и Focusrite. Неговата последна серија производи е вклучена во AMEK System 9098. Кога Руперт Нив нешто конструира, аудио професионалците слушаат. Ние слушавме. Потоа зборувавме со човекот.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.