Рубрика: Аудио и видеотехника
Слушална стана официјален дистрибутер на Рега
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 01.07.2026 - 18:45

На 21 мај оваа година Слушална.мк стана главен застапник, односно дистрибутер на брендот Рега за Македонија и Албанија, факт што беше објавен и на официјалниот сајт на производителот. Овој значаен момент за регионалниот аудиофилски екосистем нѐ поттикна да направиме интервју со еден од сопствениците на Слушална, Александар Чованчевски. Низ разговорот дознаваме повеќе за самите почетоци на Слушална, за мотивацијата за креирање на овој проект, за партнерството со Рега, како и за идните планови.

 

ЕМИТЕР: Kако започна целата приказна со проектот Слушална?

Александар ЧоланчевскиПа, морам да започнам од почеток, уште од првиот момент кога Перо и јас решивме да ја создадеме Слушална. А сето тоа почна некако, нели, со неговата плоча на Меморија отпечатена во Австрија. Кога му пристигнаа пробните винил примероци немаше на што да се чујат кај него дома. А јас имав еден Денон грамофон, стар триесет и повеќе години, меѓутоа квалитетен, нели, – директ драјв со така една “позамашна” маса од четринаесет кила. Решив да му го позајмам на неодредено време и така започна нашата потрага по добар звук.

По преслушување на LP-то, тој рече: „Јас не сум задоволен. Дај да најдеме нешто подобро.“ Па реков: „Види, Торенс е стандардно добар бренд. Да се земе еден модел 1600-то, со нивна глава, проектирана конкретно за тој модел и претпоставувам дека со тоа ќе бидеш задоволен“.

Тоа беше уште еден експеримент по кој Перо повторно беше незадоволен со звукот: “Ми фали удар, енергичност. Дај да видиме некој уште помасивен грамофон да се земе “. Па го купи Проџект. Мислам дека се работеше за модел 10, нешто така се вика тоа чудо кое доаѓа со еден масивен диск. Се работи за грамофон од дваесет и нешто кила, со специјална рачка Проџект, направена од некаков титаниум и со кантилевер што виси на... па, да кажеме едно тегче обесено на рибарски конец (којшто Перо многу го нервира), како и ред други куриозитети. А сепак – грамофонот свири супер.

Наменет за оние секојдневни слушачи на музика, за луѓе кои едноставно повеќе ги интересира музиката отколку системот. За сите што кога ќе си купат плоча сакаат да ја чујат музиката што им се допаѓа, а не да се занимаваат со тоа дека треба во 0,02 грама да биде прецизно наместена и главата и рачката и кантерлеверот, па сето тоа да е на совршен сталак, и така натаму. Тие луѓе едноставно сакаат да си купат нешто што го ставаш дома и свири добро, односно свири подобро од сето останато во истата ценовна класа.

ЕМИТЕР: Што беше главниот мотив, што ве поттикна за да станете дистрибутери на брендот Рега?

Александар ЧоланчевскиКога ја отворивме Слушална имавме на располагање само грамофони од Торенс и еден Техникс Сл1300, којшто исто така го набави Перо. Како и еден хај-енд грамофон од Тракс. Меѓутоа, тоа се веќе езотерични приказни кои што немаат толку многу врска со музиката, туку повеќе имаат врска со тоа како да го извадат секое звукче скриено на LP винилот. Значи процесот повторно е вадење на звукови, а не слушање музика. Јас му реков: „Знаеш што? Има една фирма што се многу реални и многу вистинити во тоа што го прават, бидејќи тоа го прават веќе педесет години. Мислам дека тие ќе ни бидат добар партнер во она што ние сакаме тука да им го покажеме на луѓето, да донесеме нешто што досега не го слушнале за реални пари.“  

Рега беше кај нас застапена преку Аудиокултура, меѓутоа недоволно за да го рашири брендот, за луѓето да ги запознаат масовно и да сфатат дека буквално тоа е правиот грамофон и систем за оние кои што се љубители на музика. И така тргна нашиот прв контакт со Рега. По саемот во Варшава, минатата година, кој што беше голем хај-фај саем, стапивме во контакт со госпоѓата Џеки Вилсон, која е менаџер за продажба во Рега и ги ‘хендла’ сите дилери и дистрибутери на светот.

ЕМИТЕР: И од тука натаму тргна приказната?

Александар ЧоланчевскиПреку застапниците во Хрватска и во Србија набавивме нешто, за да имаме тука од Рега. Нормално, сакавме претходно да го чуеме она што брендот го застапува изминатите 50 години. И се уверивме дека квалитетот на она што Рега го прави е навистина врвен. Нивните грамофони се максимално лесни, мошне едноставни во конструкција, меѓутоа секој дел на секој дел од грамофонот му е посветено посебено внимание. Посебено внимание значи висока прецизност и огромна црстина. И затоа кога ќе ги погледнете нивните грамофони наспроти сѐ останато дали се работи за Торенс, за Денон или за Проџект нивните грамофони изгледаат смешно. Такви се тенки, никакви, си велиш ова ќе го дувнеш или ќе му пуштиш малце појак звук покрај него и ќе почне да вибрира или нема да свири. Меѓутоа, се уверивме токму во спротивното кога ги набавивме грамофоните. Затоа, уште во првата набавка, која што не беше директно од Рега, ги набавивме сите моделиРега Планар 1, Рега Планар 2, Рега Планар 3 и Рега Планар 6. Тоа кога го пуштивме кај нас, навистина изненади со квалитетот на изработка. Реално не очекувавме да добиеме таков звук од нешто што така изгледа.

Целата филозофија е во самата шасија, изработката на рачката, која што доаѓа со секој модел, е нешто што го создава звукот. Затоа, кога им понудивме дистрибуција на Рега во Македонија и Албанија, рековме “ние сме заинтересирани, дајте ни да направиме иницијална нарачка”.

Ти веднаш одговорија, сѐ тоа е супер, меѓутоа морате да дојдете кај нас во фабрика”. Ние: “мислам, добро, ќе дојдеме, не е проблем, дај да ја направиме нарачкава, да завршиме работа, да имаме нешто тука да продаваме, па ќе видиме”. Но тие инсистираа: Не, не, не,.. ние не сме како останатите”.

Рега не инвестира во рекламирање затоа што се уверени дека нивниот квалитет не може никој да го постигне по таа цена. А тоа љубителите на музиката веднаш ќе го препознаат.  На сите кои биле во Слушална, ќе им ги пуштиме системите и реакциите се: “леле, ова е супер, она е супер”, за на крај, после најскапиот, најврвниот систем, да ги вратиме повторно кај Рега, на нешто што се вика Рега Систем 1 којшто се состои од нивниот базичен грамофон Рега Планар 1, и нивниот ентри левел засилувач од 2x 30W  и најмалите звучници по име Кајт. Кога ќе го чујат тоа, велат невозможно е како ова вака добро свири, за овие пари.

Рега е нешто посебно за љубителите на музиката. Љубителите на хај-фајот секогаш ќе најдат мана оваа чинела не се слушала вака, ова ѕвонче не се слушало така, овој тапан не бил доволно дефиниран, и така натаму. Нормално, ако се слуша на најврвниот грамофон од Рега, кој што чини околу 11-12 илјади фунти, ќе ги слушнете и ѕвончето и тапанот и сѐ она како што сте сакале да го чуете.

ЕМИТЕР: А како тука ви се вклопува WiiM? Бидејќи забележав дека имате и целата палета стримери на WiiM...

Александар Чоланчевски: Прво започнавме со Ever Solo.  Ги набавивме од Ever Solo нивните три најбитни стримери т.е. стримери предзасилувачи: моделите А6, А8 и А10. Ever Solo стримерите се со пуристички пристап, со фантастични конвертери внатре, со сите можни влезови и излези што човек може ги замисли и дигитални и аналогни итн. Меѓутоа, сите тие носат малце повисока цена и се наменети за луѓе кои внимателно го граделе својот HiFi систем од излезен засилувач и звучници до акустика во просторот во собата. Така што тоа е за тие луѓе.

За оние луѓе кои што ги интересира првенствено музиката и за стримерот да биде лесен за употреба, се одлучивме за WiiM. Затоа што WiiM има многу поедноставна софтверска платформа и поддржува многу полесно корекција на акустиката во собата (room correction). Бидејќи никој од нас, вклучувајќи ме и мене, без оглед што ме интересира HiFi, немам идеална соба дома за слушање. Во дневната соба сум го направил она што сум можел минимално, колку што нели ти дозволуваат домашните да направиш некаква ситна интервенција во просторот генерално простор со сите свои доблести и мани. Тука стримерот WiiM е феноменален производ со вградената еквализација што овозможува корекција на акустиката на просторот, па заедно со она што го нуди Rega System Eden, каде што имате засилувач, грамофон и звучници, може да направи и дополнителна еквализација според вкусот на слушателот или според изворот на музиката. Интернет радијата поради иницијално високата компресија си бараат дополнителна еквализација за да добијат слушно поатрактивен звук.

За самата корекција нема потреба од специјални микрофони. Вие со вашиот телефон ќе направите одлична корекција на тонот во собата и ќе го извлечете максимумот од вашиот систем.

 

ЕМИТЕР: Дали брендовите коишто ги застапувате, ќе можат да се најдат и кај други дилери и продавници за винили?

Александар Чоланчевски: Не сите во целост. Првенство им даваме на Rega, а може и моделите од Fyne аудио, коишто понатаму ги дистрибуираме низ други продавници и дилери. Идејата е оние што се ентри-левел системи од Рега на прво место како и од Fyne аудио заедно со WiiM, да допрат до што повеќе луѓе, затоа што ние како Слушална сме прилично ограничени во бројот на луѓе кои можеме тука да ги примиме и да им посветиме внимание.

Затоа се определивме ентри-левел системите да одат преку дилерски мрежи каква што има Нептун, а ќе може да се најдат во Литература.мк  во делот каде што се продаваат LP винили. Разговаратме исто така и со Чув де Чув којшто во моментов продава само LP винили, како и со Аудиокултура. Идејата ни е луѓето да можат таму да го чујат системот, да се ја чујат музиката која што ја сакаат, на начин на кој што тоа навистина треба да биде демонстрирано. И тоа е нешто што може да ги запознае со брендот и со вистинскиот звук на нивната музика.

Рега ниту има ‘милијарда’ лед диоди, ниту пак лед екрани. Тоа е мошне едноставен продукт. Меѓутоа технологијата што се крие зад таа скромна шасија е практично тоа во кое се вложуваат за да може да се произведе максимално квалитетен звук за парите коишто ги плаќа клиентот.

 

ЕМИТЕР: Добро, сега неминовно е да го поставам прашањето какви се плановите за развивање на Слушална понатаму?

Александар Чоланчевски: Плановите за Слушална практично ќе се протегнаат повеќе кон нешто што сакаме да можат клиентите да чујат повеќе хај-енд систем.

Ние веќе имаме преку 15 различни комбинации. Тука не се работи за системи од 100 000 евра, коишто им се достапни само на исклучително мал број на луѓе. Тука збориме за хај-енд систем којшто е во рамки на величина од 5 до 10000 евра. Имаме и систем којшто чини околу 50 000 евра. За да можат луѓето да направат и разлика, да проценат како свири систем од 5000 евра, а како свират системи од 10000 до 15000 евра.

Тоа што зборам во рамки на пари не треба да нѐ ограничи како размислуваме за хај-фај системите. Тука се работи и за преференца за типот на звукот и типот на музиката којашто се слуша, како и за преференца на естетиката на производот којшто самиот клиент сака да го поседува. Затоа нудиме палета од ултрамодерни звучници со супервисокотонци и хорни до оние класични модели од времето што изгледат како “бапски шифоњер”. Тука самиот клиент ќе ја избира естетиката, истовремено бирајќи го и звукот.

ЕМИТЕР: Па добро, значи ли тоа дека Слушална останува само за high end производи што чинат преку две илјади евра?

Александар Чоланчевски:  Не, не... Ова само значи дека останатите производи нема да ги имаме на лагер, односно дека нема да ги имаме во изложбената поставка. Но, клиентите ќе можат да чујат сѐ она што ќе го има кај дилерите. Производот ќе го има и кај нас и ќе може да се чуе. Дури и повеќе – ќе може да се чуе и во некои комбинации коишто во дилерската мрежа не можат да се испробаат. Меѓутоа, тоа нема да биде главниот фокус на Слушална. За нас главниот фокус се сепак системите од повисоката класа каде и самите клиенти ќе може да експериментираат со различни типови на енергетски, интерконекциски и звучнички кабли.

На пример: комбинација да кажеме, на стример пд повисока класа со повисока класа на засилувач и некои малку поевтини звучници, во зависност од буџетот... Па клиентот ќе може да каже: Знаеш што? Oва мене сега океј ми свири, ама понатаму би сакал да се ‘апгрејдувам’ на некоја повисока класа на звучници”. Затоа што кај звучниците, особено, имаме модели веќе од илјада двесте евра коишто свират фантастично и ќе задоволат многу широк спектар на клиенти. Меѓутоа, понатаму, ако самиот клиент посакува да досегне уште некоја финеса во звукот, нормално е, како што се подобруваат финесите така експоненцијално расте и цената.

И тука веќе работите стануваат многу посериозни, барем што се однесува до цената. Дали ќе се оди единствено со самостоечки звучници без сaбвуфер, дали ќе се оди со сaбвуфер варијанта, многу зависи од акустиката на просторот. Значи, ние тука сакаме да им помогнеме на клиентите да можат да го направат вистинскиот избор во склад со просторот во којшто слушаат. Некаде луѓето едноставно немаат простор да стават самостоечки звучници, сакаат да работат, па ставаат букшелф. Затоа имаме и висококвалитетни сателити коишто коштаат пет-илјади евра за пар. Па, тие сателити комбинирани со сабвуфер варијанта веќе можат да им се вклопат во просторот што го имаат за слушање, а истовремено да не бидат доминантни како намештај во самиот простор.

 

--- комерцијален напис ---

Клучни зборови:
Објавата на официјалната веб-страница на Рега

Објавата на официјалната веб-страница на Рега