Рубрика: Електроника
Генератор на розов шум
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Редовните читатели на Емитер досега во повеќе наврати имаа можност да читаат за тоа како шумот во телекомуникациските уреди или засилувачите е крајно непожелен и штетен. Ова во потполност е точно, но научниците во раните деведесети години откриле дека во состојба на психичка замореност, слушањето на розов шум во голема мера го опушта и релаксира човечкиот организам.

Розовиот шум се одликува со  спектрална карактеристика која слабее со 3dB/oct при пораст на фреквенцијата. За овој вид на шум како и сите други видови можете подетално да се запознаете во книгата на Миле Серафимовски, “Мерење на тонската модулација”.

Станува збор за многу едноставен уред кој првенствено е наменет за почетниците електроничари кои ги прават првите чекори во електрониката. Во овој уред како генератор на шум се користи инверзно поларизиран спој база-емитер кај транзистор со многу мал пробивен напон на овој PN премин. Напојувањето на уредот е изведено со помош на две батерии од 9V за да се добие доволно висок напон кој ќе предизвика “лавински пробој” на спојот база-емитер на T1. Колото се изработува на мала плочка со печатено коло.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК626
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.