Емитер 9/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кога потесното и поширокото опкружување ќе дозволи да дејствуваат и истовремено ги стимулира поединците и групите кои знаат, умеат и можат своите идеи и замисли за нови производи да ги преточат во реалност, т.е. производ, може да се каже дека е поставена основата за опстанок и функционирање на заедницата/системот во секоја смисла на зборот. Токму тоа се случи во Хрватска. Неодамна, мала група ентузијасти и стручњаци го промовираа своето прво мало градско електрично возило наречено Doking XD. Во текстот што следува ќе биде претставено ова возило кое предизвика голем медиумски интерес на пошироките европски простори.
Нема ништо поубаво од тоа сонот да стане јаве. Детскиот сон на Вјекослав Мајетиќ, директор на загрепската фирма Dok-ing која произведува роботи за деминирање и други специјални задачи, на задоволство на сите стана реалност. Им успеа, со пренасочување на човечките и финансиските ресурси од сопствената фирма (како дополнителен ангажман), да го произведат прототипот на првото хрватско електрично возило кое успешно е претставено на Женевскиот автомобилски саем оваа година. Дизајн, механика, подвозје, систем за управување и кочење, управување на погонот и електронска контрола на електромоторите, и сè останато освен батериите, се од домашно хрватско производство.
Погонско средство: струја, 2 електромотори во предните тркала Вкупна силина: 106 kW Батерија: Литиум-железо-фосфатна Автономија: 200 -250 km Максимална брзина: 130 km/h Потрошувачка: 1 evro / 100 km
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.