Рубрика: Информатика
Џебен компјутер
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Моќна минијатура од чии компоненти не би се посрамотил ниту класичен десктоп систем. Малите димензии (колку куќиште од преносен хард диск) овозможуваат секогаш да го носите со себе и да ви биде достапен во секое време. Барем таму каде што има монитор...

Гаџет или целосно употреблив персонален компјутер? Одговорот е – и едното и другото. Минијатурните димензии на Stealth LPC-100 (102mm x 155mm x 37mm, ДxШxВ) овозможуваат носење во поголем џеб или мало ташниче/торбиче, така што во секое време е при рака. Поради димензиите, приклучоците се сместени и на предната и на задната страна. Но, тоа не е пречка овој лилипутанец да располага со речиси сите актуелни приклучоци кои вообичаено ги сретнуваме кај стандардните персонални компјутери.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.