Рубрика: Астрономија и астронаутика
ИСС меѓународна вселенска станица
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Меѓународната вселенска станица (International Space Station - ISS) е еден од ретките позитивни примери на конструктивна соработка меѓу повеќе држави, со кој се докажува дека науката не признава граници и раздвојувања, а плодовите од добиените сознанија ќе ги вкусат сите луѓе на планетава. Оваа вселенска станица е најголемиот досега остварен цивилен меѓудржавен проект, во кој се опфатени 16 големи држави. Уште кога сите држави на светов би издвојувале за наука онолку колку што е нивниот буџет за оружје (и обратно), сигурно дека во најскоро време секој би можел да "скокне" до Марс, на скијање во неговите прекрасни поларни области.

Претходната вселенска станица, стариот советски МИР (што значи Свет, но и мир, исто така), кој успешно ги исполни своите должности и ги надмина сите очекувања, откако доживеа неочекувано длабока старост му беше извршена милозлива еутаназија со кремирање во високите слоеви на Земјината атмосфера, а неговите посмртни остатоци беа потопени во длабочините на Тихиот Океан. Американскиот Skylab ја доживеа истата судбина. Драгоцените податоци добиени од работата на овие вселенски станици открија сосема нови хоризонти на научните истражувања, така што стана јасно дека нова и голема вселенска станица е неопходност. Новиот, штедлив курс "помало и поевтино" на NASA не беше во согласност со потребата за голема вселенска станица, а и истрошените финансиски резерви на Русија не ветуваа некој нивни самостоен проект. Така, најмоќните држави на светот повторно ги открија благодетите на соработката и се сплотија околу проектот International Space Station (ISS) – најголемата досега вселенска станица. Покрај САД и Русија, во изградбата на ISS свое учество имаат и Јапонија, Канада, Бразил, Германија, В. Британија, Франција, Италија, Холандија. Шведска, Норвешка, Данска, Белгија, Швајцарија и Шпанија.

Меѓународната вселенска станица ISS ќе биде огромна: долга преку 112 метри (поголема од фудбалско игралиште!), тешка преку 450 тони, со осум соларни панели со фотонапонски ќелии – секој долг 34 метри и широк 12 метри (кои ќе даваат вкупна моќност од 23 kW), со внатрешен волумен од преку 1600 m3 (колку еден боинг 747!), ќе претставува најголемо вештачко тело кое ќе орбитира околу Земјата. Се планира да биде завршена во 2006 година. Градењето на ISS се врши во етапи – ќе бидат потребни уште преку 30 лета на Space Shuttle за да се докомплетира целата станица.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.