Рубрика: Аудио и видеотехника
Повеќеканален SACD формат
Автор: Александар Темков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Оваа приказна започнува со еден прашалник добиен преку Интернет. Sony Europe, во својата агресивна кампања за глобално стандардизирање на SACD (Super Audio Compact Disc) форматот, на мејлинг листата на аудиофилите им упати неколку љубезни прашања: "Дали сте задоволни од звукот на вашето CD?; Дали посакувате некоја ваша омилена стара плоча да ја слушнете во една нова димензија?; Дали знаете што е SACD?; Дали сте слушнале за врвна повеќеканална аудио-репродукција?".. и слично. На крајот на прашалникот стоеше дека како израз на благодарност за испратените мислења, Sony го подарува најновиот аудиомикс на колекција од песни на Frankie Goes To Hollywood - овој предизвик за мене беше доволно голем - огромен!

Хибридното повеќеканално CD се состои од два слоја. На горниот слој се наоѓа стандарден стерео CD аудиозапис (него го репродуцираат обичните CD плеери), а на долниот слој прво има стерео аудиозапис во SACD формат (наменет за multichanel SACD плеерите), а на крајот постојат и дополнителни информации во форма на текст, графика или видеосигнал наменет за хибридните SACD плеери од повисоката класа.

Структура на хибридното повеќеканално супер аудио CD

Интегрираната верзија на DVD и SACD, интелигентно одбрана за користење на максималните можности и за домашно кино и за повеќеканално аудиодоживување, Sony ги исфрли на пазарот во неколку модели на DVD/SACD плеери, но и во популарните аудио-видео интегрирани системи со рисивери и звучница – сè во едно.

Идејата за аудиофилското SACD (значи она кое репродуцира на два канала) е на прагот на втората деценија. Тоа сè уште не е оној глобално прифатен нов стандард и спаѓа во доменот на "хај-ендот", офносно некомерцијалната варијанта на аудиофилство. Но, првата верзија на повеќеканалното SACD изгледа како нешто недоречено. Нешто како што е домашното кино во однос на вистинското – тоа се две магии од кои едната е помала (дури и мала), а другата е голема, огромна, и не можете да се спротивставите кога ќе ве проголта темнината на кино-салата. До оглед на тоа што во државава навистина немаме среќа да имаме вистинско модерно кино од "сајбер-ерата" во која живееме, можеби затоа и DVD-то има експлозивна прогресија кај нас...

Клучни зборови:
Структура на хибридното повеќеканално супер аудио CD

Структура на хибридното повеќеканално супер аудио CD

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.