Рубрика: Аудио и видеотехника
Слеп слушен тест: интерконекциски кабли
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тестираните интерконекциски кабли Oehlbach VF-14, MIT MIterminator 5 и Van den Hul The FIRST Ultimate

Со секој купен CD плеер доаѓа еден интерконекциски кабел, кој може да послужи на својата намена. Но кога звукот на тој бесплатен кабел внимателно ќе го споредите со некој друг, специјално конструиран за таа намена (и со соодветна цена), сè ќе ви стане јасно. Интерконекциските кабли се дел од аудио опремата и на нив треба да им се посвети должно внимание (но исто така и не смее да се претера во тоа). Разликите во квалитетот на звукот меѓу каблите се мали, но добредојдени.

ДАЛИ КАБЛИТЕ РАЗЛИЧНО ЗВУЧАТ?

Ако ова прашање му го поставите на некој повозрасен аудиоинженер, сигурно ќе се изнасмее: “Се разбира дека не!”. Но ако истово прашање му го поставите на некој помлад аудиофил, одоговорот ќе биде: “Се разбира дека има разлика!”. Па кој тогаш е во право? Парадоксално, но – и двајцата се во право! Во поранешните времиња, кога сè се правело да биде квалитетно и трајно, во професионалната аудиотехника задолжително се користел принципот на прилагодување на влезните и излезните импеданси на уредите – тоа е онаа фамозна импеданса од 600 W. Во такви идеални работни услови разликите во звукот меѓу каблите навистина се никакви. Но во подоцнежно време, кога почна да се штеди на сè и сешто (а најмногу на квалитетот), скапиот професионален принцип на прилагодување на излезно/влезните импеданси е напуштен и е заменет со евтиниот комерцијален принцип на мала излезна/голема влезна импеданса, со што се отвора простор за појава на разни проблеми, а еден од нив е проблемот со каблите.

Интерконекцискот кабел не е само обична жица за поврзување – тоа уште многу одамна го открил и Михајло Пупин, кој се збогатил преку својот патентиран пронајдок за подобрување на комуникацијата (т.е. квалитетот на звукот!) низ телефонските кабли. Современите конструкциски решенија на интерконекциските кабли навистина овозможуваат поквалитетен звук во споредба со “обичен” кабел, но сепак таа разлика е мала. Ама затоа разликата во цената може да биде многу голема. Како и кај секој друг уред во hi-fi техниката, така и кај интерконекциските кабли важи непријатниот “Hi-Fi закон”: за мал напредок во квалитетот на звукот треба да се издвојат многу пари. Овој закон кај каблите се покажува во својата најекстремна форма. Затоа – ум (и уши) во глава: споредете го звукот на неколку интерконекциски кабли со различна цена, а потоа одвојте една разумна сума пари за оној кабел за кој сте сигурни дека ви носи забележливо подобрување.

 

СЛЕП СЛУШЕН ТЕСТ

Единствен начин да се добијат објективни оценки за звукот на hi-fi уредите е да се организира слеп слушен тест, каде слушателите нема да ги гледаат уредите и нема да знаат за кои уреди станува збор. На тој начин слушателите нема да бидат потсвесно заведени од авторитетот на името на производителот, од цената и дизајнот на уредите и слично. CD плеерот, засилувачот и каблите беа скриено од очите на жирито со непроѕирно платно. Во текот на слушниот тест, пред секоја промена на CD-то ги менував каблите и ги вклучував по случаен редослед, така што слушателите не знаеја кои кабли ги слушаат во моментот. Емитер е едно од (многу) ретките списанија во светот кое го практикува слепиот слушен тест. Да потсетам дека уште од првиот слеп слушен тест во Македонија (и пошироко!) објавен во мај 1997 год. во Емитер, стои отворена поканата до сите дистрибутери на hi-fi уреди да присуствуваат на нашите слепи слушни тестови.

Интерконекциските кабли што беа предмет на овој слеп слушен тест (од лево кон десно): Oehlbach VF-14, MIT MIterminator 5 и Van den Hul The FIRST Ultimate

Нашето жири е во ист состав како и во поранешните наши слепи слушни тестови: еден професионален тон-мајстор, еден аудиофил и еден експерт за класична музика. Заедничка карактеристика им е тоа што редовно одат на концерти, каде во живо го слушаат вистинскиот, природен звук на инструментите – тоа е единствениот начин да се спореди квалитетот на репродуцираната музика со она вистинското. Ова го потенцирам, затоа што постојат голем број на аудиофили кои многу слушаат музика – но од CD-а или плочи, а никогаш не  биле (или многу ретко) на концерт! Овие аудиофили иако имаат слух изострен и за најмали промени во нивниот аудио систем, едноставно не знаат како навистина треба да звучи виолина!

Во слушниот тест беа употребени CD плеерот Rotel RCD 971, засилувачот Rotel RA 971 Mk II, звучниците B&W CDM 1 SE и каблите за звучници MIT MIterminator 2, а интерконекциските кабли што беа предмет на овој слеп слушен тест се: Oehlbach VF-14, MIT MIterminator 5 и Van den Hul The FIRST Ultimate

 

Се заблагодарувам на “Аудио Центар” за позајмените кабли Oehlbach NF 14 и MIT MITerminator.

Клучни зборови:
Тестираните интерконекциски кабли Oehlbach VF-14, MIT MIterminator 5 и Van den Hul The FIRST Ultimate

Тестираните интерконекциски кабли Oehlbach VF-14, MIT MIterminator 5 и Van den Hul The FIRST Ultimate

Тестираните интерконекциски кабли Oehlbach VF-14, MIT MIterminator 5 и Van den Hul The FIRST Ultimate

Тестираните интерконекциски кабли Oehlbach VF-14, MIT MIterminator 5 и Van den Hul The FIRST Ultimate

Тестираните интерконекциски кабли Oehlbach VF-14, MIT MIterminator 5 и Van den Hul The FIRST Ultimate

Тестираните интерконекциски кабли Oehlbach VF-14, MIT MIterminator 5 и Van den Hul The FIRST Ultimate

Интерконекциски кабел Oehlbach VF-14

Интерконекциски кабел Oehlbach VF14

Интерконекциски кабел MIT MIterminator 5

Интерконекциски кабел MIT MIterminator 5

Интерконекциски кабел Van den Hul The FIRST Ultimate

Интерконекциски кабел Van den Hul The FIRST Ultimate

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.