Емитер 9/2002.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Главниот посредник во комуникацијата помеѓу човекот и компјутерот претставува мониторот кој ни овозможува перманентен интерактивен приказ на нашата работа со цел да имаме целосна претстава и увид во извршувањето на нашите секојдневни задачи.
Брзиот развој на технологијата и општеството во кое живееме ни наметнуваат голема потреба за информации, но воедно и брз пристап до нив. Компјутеризацијата веќе почнува да ги опфаќа сите сфери од нашето живеење, сè со цел да се обезбеди брз и квалитетен пристап до бараната информација а со тоа и да се задоволи барањето на обичниот корисник и на неговите потреби. Мониторите кои реагираат на допир претставуваат едно од подобрите решенија кога се работи за брз пристап до информации или пак каде е овозможено компјутерско водење на процеси, како, на пример, во производната индустрија или пак во медицината за контрола на апаратите како и примена во трговијата, угостителството, или пак во земјоделието како информативни системи.
Допирен систем
Како што споменав претходно, областа на примена на оваа технологија е голема и се наоѓа во експанзија, но ќе ви наведам еден практичен пример за тоа како се користат овие системи. Имено, на еден од минатите саеми за информатичка технологија во Скопје “ИНФОКОМ” се појави една градежна фирма од Република Словенија која го презентираше нивниот информационен систем со монитор кој реагира на допир. Во разговорот што го водев со нивниот претставник кој ми објасни дека нивниот систем функционирал на овој начин: кога клиентот ќе дојде во нивната фирма, тој со едноставен допир на мониторот си избирал материјал за неговата куќа со боја, квалитет и цена каков што сака, нормално со она што ќе му биде понудено и така се избегнуваат сите непријатности со непрегледните и опширни каталози, а времето на добивањето на информациите е значително побрзо и поквалитетно. Инаку, овие системи ги среќаваме насекаде по улиците на Скопје како АТМ машини или уште попознати како банкомати.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.