Емитер 1/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Аудиоуредите се толку навлезени во секојдневието, што нивното евентуално отсуство поради некоја неисправност, веднаш се чувствува и тоа, кај многумина како хендикеп, па се трудат да го отстранат што побрзо, дури и со сопствени сили но, без доволно познавања и без соодветни алатки, притоа и без да се побара помош од стручен сервисер. Намената на овој курс за одржување на аудиоуредите е да ги запознае и охрабри читателите на ЕМИТЕР кои сакаат да експериментираат, на љубителите на овој вид работа, на оние што секогаш се трудат да расудуваат логично за дејствата и последиците, кои веќе имаат некакво искуство или се почетници, како и на оние што професионално се занимаваат со ваква работа.
Во сите делови на денот и ноќта и во сите простори, отворени или затворени, во движење или во мирување несомнена е присутноста на аудиоуредите. Многумина од нас навечер заспиваат со вклучен радиочасовник, а наутро се разбудуваат со него. Цената на повеќето аудиоуреди е достапна за широк круг потрошувачи, што е основната причина за нивната голема застапеност во сите елементи на човечкото битисување. Аудиоуредите се толку навлезени во секојдневието, што нивното евентуално отсуство поради некоја неисправност, веднаш се чувствува и тоа, кај многумина како хендикеп, па се трудат да го отстранат што побрзо, дури и со сопствени сили но, без доволно познавања и без соодветни алатки, притоа и без да се побара помош од стручен сервисер. Но, мора да се има на ум дека за многу релативно евтини аудиоуреди не е исплатливо да се ангажира стручно лице за нивна поправка, зашто неговата услуга може да биде поскапа отколку да се купи нов таков или сличен уред.
Одржувањето на аудиоуредите не треба да се смета како многу тешко доколку се познаваат основните поими од електротехниката и од електрониката, доколку се располага со неколку мерни инструменти и доколку се има волја за таков вид работа. Намената на овој краток курс за одржување на аудиоуредите е да ги запознае и охрабри читателите на ЕМИТЕР кои сакаат да експериментираат, на љубителите на овој вид работа, на оние што секогаш се трудат да расудуваат логично за дејствата и последиците, кои веќе имаат некакво искуство или се почетници, како и на оние што професионално се занимаваат со ваква работа.
При ова треба да се знае дека аудиоуредите по својата суштина претставуваат електронски уреди во кои може да биде застапена комбинација на електронски и на механички компоненти и склопови па, според тоа, и алатките за сервисирање ќе бидат соодветни. Денешните аудиоуреди се конструирани и изработени според модерните технолошки процеси и нивната трајност е подолга, но по долга работа, сепак, доаѓа до истрошеност, особено на механичките компоненти, што зад себе може да повлече дефекти и на електронските компоненти.
Дел од инструментите што се употребуваат при сервисирање на аудио уредите. Од лево кон десно: двоканален осцилоскоп, мерач на изобличувања, тон генератор
При замена на активни компоненти осетливи на статички електрицитет треба да се користи проводен ремен на раката заземјен преку отпорник од 1 мега ом
Во ова прво продолжение од серијалот "Сервисирање на аудиоуреди" ќе стане збор за сигурносните и антистатичките мерки што треба да се преземат при сервисирањето на електронските уреди, основниот алат што треба да се има на располагање, како и за неопходните иструменти и тест-уреди и, се разбира, сервисната литература.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.