Рубрика: Астрономија и астронаутика
SETI@home
Автор: Игор Неловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Претставата на човекот за сопственото постоење и за светот околу себе уште од праисторијата и античките цивилизации го вклучувала верувањето во постоењето на други цивилизации надвор од Земјата. Во минатото тоа останувало во рамките на митовите и легендите преточени во литературните дела. Но денес, со развојот на современата технологија и некои научни области пред сė астрофизиката и информатиката, тоа верување се доближува до обичниот човек овозможувајќи му да се приклучи во реализирањето на една идеја-проект, пронаоѓање доказ за постоење вонземска цивилизација.

До пред неколку години идејата за вонземјани (ExtraTerrestrials – ET) беше научна фантастика. Вонземскиот живот најчесто си го претставувавме  како чудовишта  од други светови кои сакаат да ја освојат Земјата.

Денес сликата за живот на други планети е многу поблиска до реалноста. Во 1966 година НАСА (NASA – National Aeronautics and Space Administration) покажа дел од метеорит, пронајден на Северниот пол, во кој научници од НАСА веруваат дека откриле фосили на микроорганизми кои некогаш живееле на Марс. Истовремено, многуте откритија на нови планети надвор од Сончевиот систем во последните неколку години наведе поголем дел од научниците да прифатат дека и околу други ѕвезди постојат планетарни системи, а со тоа и можност за живот.

Но, барањето нови планети е едно, а потрагата по вонземјани нешто сосема друго.

Иако прашањето за други цивилизации е старо колку и нашата, официјално потрагата по нив започна во 1959 година. Имено, двајца физичари од Универзитетот Корнел, Џузепе Кокони и Филип Морисон истата година во списанието Nature, објавуваат текст во кој ја изнесуваат можноста за користење микробранови радиосигнали за меѓуѕвездена комуникација. Една година подоцна, во 1960 година, астрономот Френк Дрејк насочува еден радиотелескоп кон две блиски ѕвезди за да слушне сигнали кои би можеле да бидат емитирани од некоја вонземска цивилизација. SETI – Search for ExtraTerrestrial Intelligence (потрага по вонземска цивилизација) започна.Оттогаш се направени многу обиди за да се откријат сигнали од други цивилизации.

Да се 'слушаат' ѕвездите не е така едноставно како што на прв поглед изгледа. Истражувачите се соочуваат со најразлични проблеми од тоа каде и како да се насочи антената, дали приемникот е доволно осетлив, па сѐ до тоа дали ќе има доволно пари за работа.

 

Програмoт SETI@home

Во прилог на изворната идеја за проектот СЕТИ е и програмот SETI@home која всушност ги обработува големата количина податоци снимени со радиотелескопите.

Со сегашниот развој на технологијата најголем проблем на овој проект е големата количина податоци снимени со помош на радиотелескопите, односно нивната обработка. Ако се користи најмоќниот компјутер за обработка на овие податоци ќе му бидат требаат милиони години. За да се скрати тоа време тука е Seti@home screensaver-от кој овозможува да се искористи неисцрпниот извор на процесорска моќ која постои во компјутерите на индивидуалните корисници низ целиот свет. 

Изглед на Seti@home screensaver-от

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.