Емитер 7-8/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во науката е познато дека кај аудиоуредите изработени со електронски цевки (познати и како електронски ламби) преовладуваат парните хармоници во однос на непарните. Затоа овие предзасилувачи и засилувачи поседуваат таква можност музиката да ја "обојат" со одредена доза на пријатна топлина, која од страна на многу аудиофили е многу обожувана! За да им излезиме во пресрет на нашите читатели обожувачи на "лампашки" звук, изработивме комплетен стереопредзасилувач со ламби, кој целосно е опишан и изработен во овој проект!
Иако првите истражувања за електронските цевки потекнуваат од крајот на XIX век (Голдштајн, Тесла, Едисон и други) и првата примитивна триода наречена "аудион" е конструирана во далечната 1906г. од Ли Де Форест (Lee De Forest); и денес, во ерата на 32-нанометарска технологија и милиони транзистори спакувани во еден квадратен милиметар, често можете да најдете концепти на засилувачи и со електронски цевки, главно во влезниот степен во функција на предзасилувачи, или како комплетни аудиосистеми (предзасилувачи со засилувачи)! Зошто? Причината е специфичниот "топол" тон богат со пријатни музички парни хармоници, карактеристични само за засилувачи со електронски цевки. Многу поодамна е познато дека парните хармоници во аудиосистемите многу пријатно дејствуваат на нашето сетило за слух (ушите), а сето тоа создава многу пријатно чувство и расположение кај човекот. Аудиоуредите изработени со електронски цевки може да се рече дека се "мелем за душа" кај многу пасионирани аудофили! Изработката на предзасилувачи и засилувачи со електронски цевки е "доста" скапа инвестиција, но ако го обожувате овој благопријатен звук вреди да вложите труд, време и пари!? Еден таков стерео Hi-Fi предзасилувач со електронски цевки заедно со напојувањето е прикажан во овој проект. Тој е изработен со двојната триода ECC83 (12AX7). Наменет е да го "обои" тонот од ЦД/ДВД-плеерот, или кој било друг квалитетен извор на аудиосигнал, на тој начин што ќе се употреби како претстепен (предзасилувач) на излезниот засилувач. При проектирањето на овој предзасилувач се водевме со идејата да е доволно квалитетен и едноставен, но при тоа да ги задоволи критериумите и на најпребирливите – аудофилите, а неговата цена за изработка да е прифатлива за поголем број на читатели на ЕМИТЕР.
Фреквентен опсег: 10 Hz - 150kHz; Изобличувања: <0,017%
Транзистори: MJE13002, MPSA42;
ИК: LM317, LM337;
Трансформатори: 230 V/ 2x9 V /12 VA и 230 V / 2x9 V /6 VA
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.