Рубрика: Електроника
150W излезен засилувач со TDA7294 во мостна врска
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој напис ќе ви претставиме исклучително едноставно решение за изработка на висококвалитетен излезен засилувач изведен во интегрирана техника. Идејата да ја претставиме оваа изведба доаѓа од редовен читател на ЕМИТЕР. Ова интегрирано коло го претставивме во претходниот број на ЕМИТЕР, но како апликација во која TDA7294 е во самостоен режим на работа. Во овој број на ЕМИТЕР ќе имате можност да погледнете решение во кое се употребени по два интегрирани засилувачи TDA7294 за секој канал поврзани во мостна врска. На овој начин се добива поголема излезна моќност на целината при релативно низок напојувачки напон. Оваа врска овозможува да се постигне максимална излезна музичка моќност од 150W при напојување од ±25V еднонасочен напон.

TDA7294 главно е наменет за интегрирање во Hi-Fi аудио и видео уреди од повиска класа што е оправдано со неговите одлични карактеристики. Тој е изработен во монолитна интегрирана технологија која овозможува постигнување на урамнотежени параметри на сите компоненти кои се наоѓаат во него, што претставува есенцијален предуслов за добивање на квалитетен аудио засилувач.

Основните услови кои треба да ги исполнува секој аудио заслувач е да се добие што е можно поголема излезна моќност со мали изобличувања, мал шум во сигналот, мала дисипирана моќност, отпорност на струјни шокови на излезниот степен, големо придушување на брумот од напојувањето... Добар дел од овие барања се контрадикторни и е многу тешко да се постигнат во еден дизајн, а при тоа цената на уредот да биде што е можно пониска, за да биде конкурентна на пазарот. За да се приближат карактеристиките на ова коло кон бараните параметри, излезниот засилувачки степен е изведен во DMOS технологија, која веројатно не им е позната на поголем дел од читателите. Станува збор за изведба во која излезниот степен е изведен со моќни MOSFET транзистори и интегрирана повратна врска која има улога максимално да ја линеаризира карактеристиката на засилувачкиот степен. На овој начин е постигната голема линеарност и квалитет на сигналот кој е споредлив со засилувачите изведени во дискретна техника (каде мора да се употребат внимателно одбрани/усогласени компоненти за негова градба) а при тоа цената на инегрираната изведба е далеку пониска. Во излениот степен на TDA7294 употребени се MOSFET транзистори кои се во можност да поднесат големи струи и напони. Самиот дизајн на излезниот степен е така направен да работи во голем распон на влезниот напон и да биде во можност да пропушти големи струи (до 10A) а при тоа во излезниот сигнал да нема хармониски изобличувања.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК831

ИК: TDA7294
Диода 1N4148

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.