Емитер 10/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Најголем дел од тајните на ѕвездите се откриваат преку нивните спектри. Меѓу нив спаѓаат: температурата, хемискиот состав, атмосферскиот притисок и брзината на ротација. Ѕвездите според линиите во својот спектар се поделени на 11 групи. Од друга страна, според луминозноста тие се делат на 5 групи. Класификацијата според луминозноста е тесно поврзана со ѕвездената еволуција, како што ќе видиме во текстот.
Ѕвездените спектри даваат информации за хемискиот состав на ѕвездите. И покрај тоа што тој е генерално ист кај сите ѕвезди (водородот и хелиумот заедно сочинуваат 97-99,9% по маса), се забележуваат огромни разлики во ѕвездените спектри. Тие се должат на различните температури на ѕвездите. Имено, за да се појави дадена линија во спектарот, нужно е, како што видовме, точно одредено количество енергија, за што пак е потребно развивање на одредена температура.
На почетокот астрономите ги класифицирале ѕвездите според спектрите произволно. Но, во почетокот на минатиот век Ени Кенон (Annie Cannon) од Харвардската опсерваторија ја увидела тесната врска помеѓу спектарот и ѕвездената температура, па заклучила дека голем дел од постоечките класи, всушност, се повторуваат. Таа предложила нова поделба на ѕвездите во седум температурни спектрални класи, поделени на по десет поткласи, и четири специјални класи, која се применува и денес. За полесно помнење на редоследот на класите се погрижиле американските астрономи, кои за таа цел го користат смелиот исказ: Oh, Be A Fine Girl! Kiss Me Right Now, Sweetheart! Wow!
H-R-дијаграм
Во 1940 година Морган (Morgan) и Кинен (Keenan) од опсерваторијата Маунт Вилсон (Mount Wilson) ги поделија ѕвездите во пет класи на луминозност. Класите на луминозност се подредени во редослед на опаѓачка луминозност и се тесно поврзани со ѕвездената еволуција
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.