Емитер 12/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во ЕМИТЕР 6/02 беше објавен поопширен текст во кој беа опишани добар дел на термосензорите кои постојат денес и кои се користат како елементи за мерење на температурата на која се загреани. Термосензорите се електронски компоненти кај кои во зависност од температурата на која се загреани се менува некоја нивна електрична големина. Така, термопарот произведува напон на своите изводи во зависност од разликата на температурата на спојот на двата метали и температурата на спротивните краеви, РТД отпорникот ја менува својата отпорност во зависност од температурата на која е загреан итн. Во овој проект е прикажан уред за мерење и контрола на амбиенталната температура на просторија во која е поставен (т.н. термостат). Станува збор за дигитален микропроцесорски уред, кој ја споредува измерената температура на околината со поставената температура. Ако поставената температура е повисока од температурата на просторијата, микропроцесорот го вклучува греачот кој би ја затоплил. Со мала измена на програмот кој е поставен во микроконтролерот може да се додаде и дел за управување на вентилатор или друг систем за ладење кој ќе ја лади просторијата кога температурата во неа ќе ја надмине поставената. Примената на овој уред е разновидна, и може да се употреби за климатизација на која било просторија, па сè до алармен уред кој ја следи температурата на некој оддалечен објект.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.