Радиоприемникот може да се користи секогаш и секаде. Навечер може да нè заспива, наутро да нè буди-и сето тоа во состојба кога сме со отворени или со затворени очи. Додека возиме или сме качени на дрво, тој ни ги дава секојдневните информации и ни ги разубавува напорните мигови со музика. Радиоприемниците постојат во разни комбинации, со разни бранови подрачја (ДБ, КБ, СБ, УКБ со AM и FM), посебни или заедно со касетофони, CD плеери, грамофони, во преносни или стационарни варијанти итн.