Рубрика: Електроника
Заштита на звучник од DC напон со мек стaрт
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


При вклучувањето на вашиот аудиозасилувач на моќност во звучниците се слуша оној непријатен звук кој се манифестира во вид на удар "туп" и со голем од на мембраната кој може да го оштети звучникот/ците. Исто така, на излезот од засилувачот може од различни причини (од оштетување или откажување на една или повеќе компоненти од засилувачот) на излезот да се појави поголема вредност на DC напон кој трајно може да ги оштети (изгори) намотките на звучниците. За да го спречите сето ова прочитате го текстов што следува и добро да го проучите овој проект, бидејќи во него е опишана и изработена квалитетна заштита за звучници од DC напон со мек старт!

На почеток да напоменам дека до оштетување на звучниците може да дојде од различни причини. Приклучените звучници на излезот од засилувачот понекогаш се изложени на влијанието на несакани сигнали кои можат да се појават поради некоја неисправност или прегорување на некоја компонента во самиот засилувач. Поради тоа, на излезот од засилувачот може да се појави поголема вредност на излезниот DC напон (од напојувањето) и разни несакани осцилации. Сите овие несакани напони негативно дејствуваат врз звучниците и тие претставуваат причинители за негово лошо работење, а во краен случај и за негово уништивање – прегорување на неговата намотка или оштетување на мембраната. За да ја спречите оваа несакана појава, на излезот од засилувачот треба да поставите електронско коло кое во даден момент ќе реагира и ќе го заштити звучникот. Едно такво електронско коло, можете да изработите со помош на овој проект. Оваа заштита може да се употреби кај засилувачи кои не поседуваат никаква заштита, а на излезот испорачуваат моќност до 500W на 4 ома или 8 ома. Исто така, ова заштита располага со светлинска индикација со ЛЕД диода/ти. Доколку свети зелената лед диода со засилувачот сè е во ред и звучникот е приклучен на излезот од засилувачот, доколку свети црвената лед диода звучникот не е вклучен на излезот од засилувачот, бидејќи има некој проблем во истиот, односно на неговиот излез се појавил поголем DC напон (>±1Vdc).

Исправки и дополнувања:
Исчезнат вод на ППК1018

На плочката за напојувањето (слика 5 – ППК1018) неодостасува вод од катодата на ZD1 до левиот крај на R3, кој мистериозно исчезна при конверзиите на цртежот од една во друга програма. За среќа овој недостаток лесно може да се коригира со лемење на кратка жичка помеѓу наведените лемни точки.


Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1017
Печатена плочка: ППК1018
Транзистори BC550, BC560, BD139, BDX53, BDX54;
ИК TL071;
Релеј 12V/10A
 

Вака изгледаат изработените прототипи од електронската заштита заедно со напојувањето за неа.

Изработената електронска заштита

Вториот прототип од електронската заштита

Напојување за електронската заштита


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.