Рубрика: Астрономија и астронаутика
Дали животот мора да биде базиран на јаглерод?
Автор: Васко Цацаноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Генерации научници, филозофи, натуралисти, писатели и уметници го истражуваат потеклото и еволуцијата на животот. Една од омилените шпекулации за вонземскиот живот, особено помеѓу писателите на научна фантастика, е дека биохемијата во друг дел од космосот можеби е базирана на друг хемиски елемент освен јаглерод. Приказните за чудни ѕверови од силициум или други елементи ни се интересни, но исто така нè водат и кон едно интересно научно прашање: дали животот мора да биде базиран на јаглерод?

Елементите кои би можеле да послужат како основа за животот зависат од самата дефиниција на животот. Да се дојде до задоволителна дефиниција не е воопшто лесно, бидејќи обично заглавуваме уште на дефиницијата за животот каков што го познаваме тука на Земјата. Но, ваквата дефиниција не го опфаќа прашањето за други хемиски елементи освен за јаглерод.

Сепак, за луѓето кои ја истражуваат можноста за вонземски живот оваа дефиниција е премногу тесна и ограничена. Саморазмножувачките компјутерски програми, или пак, еден специфичен вид глина се само некои од феномените кои некои храбри луѓе би ги нарекле “живи”. Но, ниту еден од тие феномени не е базиран на јаглерод, кој е сржта на животот на Земјата.

За прашањето “Дали животот мора да биде базиран на јаглерод?” да има смисла, мора да ја ограничиме нашата дефиниција. Така се доаѓа до една дефиниција за која многу биолози се согласуваат дека е дефиниција за животот, а таа гласи:

Живи организми се системи од верижни молекули кои:
1. Се организираат во тридимензионални структури;
2. Извршуваат хемиски реакции во својата внатрешност но и разменуваат материја со надворешниот свет (метаболизам);
3. Складираат инструкции за саморепродукција;
4. Ги користат тие информации за саморепродукција;
5. Еволуираат преку мутација и природна селекција.

Системи кои можат да формираат молекули кои се линеарни полимери кои служат како носители на информација или како катализатори, мора да се базирани на елемент кој мора да има неколку важни карактеристики што сега ќе ги разгледаме.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.