Рубрика: Астрономија и астронаутика
Првпат визуелно следено паѓање на астероид
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Астероид насочен кон Земјата, откриен во октомври 2008 год., ги мобилизира астрофизичарите да ја следат неговата траекторија сè до моментот на неговата експлозија во атмосферата на Земјата. Откриени се повеќе од 280 негови парчиња расфрлани по Суданската Пустина.

Полноќ, 6 октомври 2008 год.. Астрономска опсерваторија на планината Лемон (Lemmon), истражувачот Ричард Ковалски (Richard Kowalski) го набљудува небото. Во еден момент, на екранот тој забележува една подвижна светла точка. Астероид, помислил тој, и веднаш ги пренел неговите координати на Minor Planet Centar во Кембриџ (Cambridge), специјализиран за автоматска пресметка на траектории. Од пресметките со 100% сигурност произлезе дека се работи за астероид насочен кон Земјата, кој ќе удри во северниот дел на Судан на 7 октомври во 5 часот и 46 мин. по локално време, т.е. за помалку од 13 часа од неговото откривање. Астероидот го нарекле 2008 TC3. За среќа, неговиот пречник изнесувал само 4 m, па астрономите беа сигурни дека тој при неговото влегување во атмосферата на Земјата ќе се распадне на поситни делови. А, исто така, за среќа, неговите делови ќе паднат во ненаселена област, во Суданската Пустина. Директорот на Minor Planet Centar во координација со НАСА веднаш ја објавиле возбудливата новост: "Земјата ќе биде удрена од астероид"! За многу кусо време веста го обиколи светот, фрчеа информации за претстоечкиот удар. Веста, исто така, ги возбуди и членовите на Здружението на астрофизичарите: "Судир оваа вечер!" , па дваесет и шест телескопи во светот беа мобилизирани за следење на судирот. За кусо време, од само еден час пред астероидот да се парчоса при влегување во атмосферата на Земјата, истражувачите реализирале близу 600 опсервации.

Клучни зборови:

Остаток од експлозијата на астероидот над Судан.

Првиот фрљагмент откриен во Суданската пустина.

Дистрибуција на фрагментите (обележани со црвено) низ пустината.

Структурата на фрагментите се покажа со голема порозност.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.