Емитер 2/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Темата на трудот е да се укаже на потребата за примена на системски и современи решенија во заштитата на енергетските приклучоци на градежните објекти од директен или близок удар на гром, како и од пренапони предизвикани од удар на гром, префрлање или дефект на енергетската мрежа. Во првиот дел беа дефинирани поимите од оваа сфера и беа разгледани постојните методи за заштита, а во ова продолжение ќе бидат анализирани современите решенија за заштита од пренапони. Новите технологии во производството на уредите за заштита од пренапони (SPD) овозможуваат оптимална заштита на градежните објекти.
Новите технологии во производството на одводниците овозможуваат имплементација на ефикасна заштита од струја на гром и заштита од пренапони, дури и во случаи на директен или многу близок удар на гром и тоа на оптимален начин, како технички така и во однос на трошоците. Во споредба со вредноста на опремата што денес стандардно се вградува во зградите (без разлика дали се работи за станбени или деловни корисници), вредноста на комплетната заштита на напојувањето на зградата е занемарлива, бидејќи не го надминува износот од 1500 евра (цена на еден плазма ТВ-приемник). Особено се нагласува можноста за заштита на мерените места со електронски броила, кои се чувствителни на блиски или директни удари на гром.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.