Емитер 2/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Има ли нешто поедноставно од коцката за играње? Таа е толку едноставна што изработката на еквивалентна електронска верзија практично е невозможен потфат. Ако не поради друго, тогаш само поради тоа што електронската коцка зафаќа многу поголем простор. Згора на сè, таа е неупотреблива без извор на електрична енергија со што се ограничува нејзината автономија. Во овој проект со обидов електронската коцка максимално да ја доближам до класичната. Димензијата на плочката со печатено коло е релативно мала, изнесува само 0,34 dm2, а напојувањето од батерија ја обезбедува неопходната автономија. Освен тоа, може да се изработи во две верзии за индикација на бројката: со еден седумсегментен лед дисплеј или со седум лед диоди.
Оваа елетронска коцка се "фрла" со притискање на тастер и сè додека тастерот е притиснат таа бесшумно се "тркала" менуваќи ги бројките кои се прикажуваат на идикаторот. Како цифра или како број на осветлени точки во зависност од избраната верзија.
Идентично како кај класичната коцка, додека електронската коцка се "тркала" бројките не можат да се распознаат поради големата брзина на "тркалање" (читај осцилирање). Визуелниот впечаток е благо треперање на индикаторот. Коцката застанува кога тастерот за "фрлање" ќе се отпушти. Тогаш краткотрајно, во траење од најмногу пет секунди, индикаторот ја прикажува бројката што се паднала и потоа се гаси. Со тоа електронската коцка е подготвена за наредното "фрлање". Ако помеѓу две "фрлања" се јави потреба од дополнителна проверка на бројката што се паднала, изгасениот индикатор може повторно да се активира со краткотрајно притискање на друг тастер.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.