Рубрика: Фототехника
Школа за фотографија: Изберете ја вистинската опрема - извори за напојување на фотографска опрема
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Големата понуда на разна фотографска опрема на пазарот го прави тежок изборот на она што навистина ни е потребно. Преголемата понуда на истородна опрема од различни производители ги тера истите да потенцираат некои сосема ирелевантни параметри вешто прикривајќи ги притоа недостатоците на производот. Така е и со потрошувачката на уредите. Во ова продолжение ќе се обидам да ви дадам основни насоки и препораки врзани со батериите и акумулаторите кои се користат во фотографската техника, со цел да извршиме набавка базирана на нашите вистински потреби.

Новите генерации дигитални апарати се вистински "терминатори" на батерии. Тоа во прв ред се должи на употребата на сложена автоматика со повеќе серво-мотори наменети за изострување на сликата, нагодување на зум–објективот или отворот на блендата; но и уреди и операции кои навидум ни се чини дека не трошат многу електрична енергија како: процесирањето на фотографијата или употребата на електронскиот блиц. Денес, со ниската цена на медиумите за меморирање, а и воопшто на дигиталната фотографска опрема, цената на чинење на една фотографија се сведува на цената на изворот на напојување и на амортизацијата на "самата" опрема. Сите ние, некако ја занемаруваме амортизацијата, па ни останува релевантна само цената на чинењето на батериите односно акумулаторите.
Навистина, познавам повеќе фотографи кои неверојатно бргу го сменија своето расположение од воодушевување во очај кога увидоа колку многу батерии троши нивната штотуку купена опрема. Очајот на некои одеше доттаму што често ја имам слушано реченицата: "нешто навистина не е во ред со мојот дигитален фотоапарат, не направив ни десетина снимки, а отидоа батериите!" сите дигитални фотоапарати трошат многу енергија, но некои навистина се крупни грабливки на ова поле. Како и порано, така и сега нема да навлегувам во оценки кои се "добрите" а кои "лошите", не само поради фактот што ситуацијата на пазарот бргу се менува, па денес дадената препорака за година дена не вреди ни "пет пари", туку првенствено поради фактот дека сакам да ви ги дадам "алатките во раце" па вие самите да одлучувате.

Клучни зборови:

АА алкална батерија и CR123 литиумска батерија

Квалитетен тестер и полнач на АА акумулатори

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.