Скопското астрономско друштво (САД) организира изложба на астрофотографија насловена “Небото над Македонија“.
Изложбата ќе биде отворена на 22.09.2014 година (понеделник) во 20:00 часот во Младинскиот културен центар. На изложбата ќе бидат претставени фотографии од членовите на “Скопското астрономско друштво“ направени на различни локации низ Македонија. Целата е да се пренесат убавините и инспиративните глетки кои можат да се забележат на ноќното небо со голо око, фотоапарат или телескоп.
Воедно, со овој настан САД сака да укаже на важноста на зачувување на темното ноќно небо и да апелира кон намалување на загадувањето со вештачка светлина. Токму затоа, носечката фотографија на изложбата претставува пејсаж со Млечниот пат, сликан од Коњско на Преспанското езеро, регион кој се смета за еден од најтемните во Македонија.
Преку астрофотографиите ќе бидат претставени најразлични небесни објекти: галаксии, маглини, ѕвездени јата, објекти од Сончевиот систем, вештачки сателити, како и пејсажни фотографии со астрономски мотиви.
Изложбата е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија и е помогната од Младинскиот културен центар. Истата ќе биде отворена до 27.09.2014 г. Влезот е бесплатен.