Рубрика: Информатика
Radeon повторно владее
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со најновите модели од највисоката и средната категорија Radeon повторно е на тронот. Петтата генерација поставува нови стандардни во поглед на квалитетот и перформансите, кои се на повисоко ниво од кога било досега. А Nvidia тивко подготвува контраудар. Играта на мачка и глушец продолжува со несмален интензитет.

Согласно на веќе утврдената стратегија, AMD на пазарот најнапред го претставува топ-моделот од најновата генерација Radeon HD графички картички. Испитувањето на пазарот и опипувањето на пулсот на Nvidia на ваков начин се увод во премиерното прикажување и на моделите од пониските категории на кои, како и досега, не се чека долго. А таа пракса е применета и во најновото продолжение од Радеон сагата.
Според утврдената номенклатура, секоја наредна серија на Radeon носи број поголема ознака. Најновиот топ-модел е нумериран како Radeon HD 5870, а негови деривати и модели од пониските категории следат постпремиерно. Ќе направиме пресек на сите досега претставени модели, со посебен осврт на топ моделот HD5870 и технологија која ја крие во себе, а која воедно е и база за изведба и на останатите модели.
Нема никакви особени разлики со топ-моделите од претходната генерација, барем не на прв поглед. Дизајнот е речиси ист како и кај претходникот, но со мали "шминкања". Главните разлики се кријат "под хаубата", а тие се суштински. Да тргнеме по ред.

Графичка картичка Rаdeon HD 5870

Графичка картичка Rаdeon HD 5870 - вшмукувачки канали за воздух

Графичка картичка Rаdeon HD 5850

Графичка картичка Rаdeon HD 5750

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.