Емитер 10/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
За технички неписмените лица, за сеирџиите и манипулантите со луѓето и нивните пари, како и за сите оние кои живеат со мотото да создадат што е можно повеќе хипотеки кај наивните и лековерните со кој подоцна би манипулирале со нив за свои потреби, перпетуум-мобиле е вечна инспирација. За останатите, чие секојдневие се состои во решавање реални проблеми, конструирање и производство на технички помагала кои ни го олеснуваат животот и кои внесуваат нови содржини во него, перпетуум-мобиле е нешто што само накратко се споменува во образовниот систем како невозможна мисија, нешто за што не вреди да се троши време, пари и труд. Во овој, прв дел од оваа тема, ќе го изнесам моето размислување за перпетуум-мобиле, а во второто продолжение ќе прокоментирам неколку примери на оваа тема.
Филозофијата е наука над науките. Според Емануел Кант таа бара одговори на следниве четири основни прашања: Што можам да знам? Што треба да чинам? На што смеам да се надевам? и ШТО Е ЧОВЕКОТ? За оваа тема, посебно е интересно третото прашање и кога тоа би го превеле на јазикот во енергетиката (и воопшто, во природните науки), би го добило следниов облик: Дали можеме да се надеваме на нешто од ништо или, Дали може да се добие енергија од ништо?
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.