Рубрика: Електроника
Регенератор-полнач на алкални батерии
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Не фрлајте ги повеќе користените алкални батерии за една употреба. Изградете уред за нивно надополнување. Регенераторот е наменет за полнење на алкални батерии. Успешно регенерира и надополнува две батерии од 1,5V и една од 9V. Иако е крајно едноставен, во поглед на функционалноста ни малку не заостанува зад посложените електронски полначи од ваков вид. Има светлосна ЛЕД индикација, која ги индицира подделните фази на полнењето и заштита од преполнување.

Алкалните (манган диоксид - цинк) батерии, иако се пронајдени во 1960 г. сè уште имаат голема примена во денешницата како "сув" батериски енергетски извор за напојување на електронски уреди: играчки, фотоуреди, телефони, часовници итн. Воопштено се прифатени како извори на електрична енергија со еднократна примена кои не смеат да се полнат. И ако забораваме на тоа, често пати самиот произведувач нè предупредува: "do not recharge".

Идеата за полнење на алкалните батерии не е нова. Ефектот на полнење е поефикасен ако батеријата која се надополнува не била испразнета повеќе од 50% од нејзиниот вкупен капацитет. Важно е да се напомене дека со секој нареден циклус за полнење, алкалните батерии го губат својството за регенерација, што на крајот резултира со пад на капацитетот. Но, тоа не би требало да биде причина да не се пристапува кон нивно полнење. Ако ги надополнуваме повремено, пред да падне нивниот капацитет на вредноста од 70% од капацитетот на нова батерија, можеме да очекуваме до 20 циклуси на полнење, без значаен губиток на капацитетот (помалку од 5%). При иницијализација на полнењето, при изгубен капацитет од 50%, бројот на наредни циклуси без значаен губиток на капацитетот на полнење, сепак, е задоволителен и изнесува околу десетина нови наредни циклуси на полнење.

Тестирањата се правени од реномираниот производител на батерии Cadex, врз AA-тип на батерии, при тест-струја од 0,2C. Специјално дизајнираните алкални батерии т.н. reusable alkaline battery имаат значително поголем број на циклуси на полнење кој достигнува до 100, но нивната висока цена која е повисока дури и од цената на NiMH батериите не ја оправдува нивната примена. Па која е тогаш смислата на изградба на ваков полнач? Која е заштедата? Тоа се само прашања кои би ги поставиле вечно незадоволните и скептиците. Пар батерии по цена од 20 ден. треба да се наполнат дваесетина пати за да се заштедат 400 ден. Но, ако се стави и заштедата од 40-60 американски долари која треба да се издвои за купување на еден комерцијален алкален полнач, постои оправданост за изградбата. Предноста ја гледам во тоа што Ni-Cd батериите имаат помал работен напон, поголемо самопразнење и поголема цена од алкалните батерии. Наполнете си неколку пара стари алкални батерии во резерва, чија потреба може да ви се укаже во секој момент, особено кога неодложно ќе ви притребаат, а продавниците ќе бидат затворени или сте далеку од населено место. А најголемата добивка секако дека е едукацијата, стекнувањето нови знаења и искуство.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК425
транзистори BC337;
трансформатор 230V/9V/3VA
 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Регенераторот на алкални батерии во функција
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.