Рубрика: Електроника
Склоп за редоследно вклучување на потрошувачи
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Вообичаена изведба за редоследно или циклично вклучување на повеќе потрошувачи е со каскадно поврзување на временски релеи. Цената само на еден временски релеј можеби не е голема, но секако е поголема од цената на овој склоп кој може да замени дури осум временски релеи.

Во основната конфигурација на склопот, веќе вклучениот потрошувач останува вклучен и после вклучување на наредниот потрошувач. Со мала модификација се добива конфигурација во која при вклучување на наредниот потрошувач, претходно вклучениот потрошувач се исклучува. Овој склоп може да се користи за редоследно вклучување на најмногу осум потрошувачи. Притоа, моќноста на секој приклучен потрошувач може да изнесува најмногу 500mW, но ако на излезите се постават соодветни релеи ќе може да се вклучуваат моќни потрошувачи (до 2000W па и повеќе) Временскиот интервал помеѓу вклучувањата може да се менува од неколку секунди па сè до 1,5 часа. Иако овој напис е резултат на барањето од читателот Никола Николовски за уред кој ќе врши редоследно вклучување на "неонки" за осветлување на аквариум, тој може да се искористи и за други намени, на пример, секвенцијално палење на светилки во излог или реклама на продавница, активирање на разни уреди (греачи, мотори) во некој процес и слично. Убеден сум дека секој читател со својата фантазија ќе најде уште многу други примени. Во секој случај, како што беше спомнато, поврзување на потрошувачите треба се направи преку соодветни релеи.

Технички карактеристики:

Интервали на вклучување:

1: 2,5 s - 22,5 s;

2: 10 s - 1,5 min;

3: 80 s - 12min;

4: 640 s - 96 min

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК424
ИК: MC14541, MC14017, MC14081

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.