Емитер 9/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Веројатно најупотребуваниот програм за репродукција на мултимедијални содржини е Windows MediaPlayer (WMP), а една од главните причини за тоа, секако, е фактот што овој софтвер доаѓа во пакет со Windows оперативниот систем. Се работи за мултимедијален софтвер кој е неизоставен дел од Windows уште од самото појавување на овој оперативен систем, иако со текот на времето се појавуваше под разни имиња. Во овој напис нема да зборуваме за неговата најнова верзија WMP 12, која беше претставена заедно со бета-верзијата на новиот оперативен систем Windows 7, туку ќе се задржиме на сè уште актуелната верзија 11 и тоа како полесно и поудобно да ја користите.
Со појавувањето на WMP под ова име некаде во 2000 година, корисниците на Windows добија одлично парче софтвер, кое имаше и неколку недостатоци - пренатрупан интерфејс и неинтуитивен дизајн. Сепак, со текот на времето и развојот на софтверот, работите стануваа сè подобри, па така верзијата WMP 11 веќе може да се окарактеризира како сосема солидна и корисна мултимедијална алатка со едноставен и лесен за користење интерфејс. Голем број на корисници воопшто и не бараат друг специјализиран софтвер за оваа намена, па некако по инерција и го користат WMP, не размислувајќи за можностите кои тој ги има, како, на пример, кратенки за одредени команди или вклучување и исклучување на одредени опции. Во овој напис ќе ви посочам на некои од овие можности.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.