Рубрика: Астрономија и астронаутика
Како Јупитер станал толку голем?
Автор: Антонио Сасански
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2005.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Погледнете го ноќното небо над вас. што забележувате? Ако живеете во некое помало место или на планина набљудувањето на небото би ви претставувало вистинско уживање. Ако пак живеете во Скопје, ќе мора да се задоволите со најсјајните ѕвезди, Месечината и поблиските планети. Јупитер е една од нив, воедно и најсјајниот објект на ноќното небо деновиве, по Месечината се разбира. Движете го погледот по небесниот екватор од источниот кон западниот хоризонт и ќе го забележите. Наликува на сјајна ѕвезда, но ако погледнете подобро ќе забележите дека сјае со портокалов сјај и не трепери како ѕвездите. Извонреден е, нели? Низ телескоп многу убаво се забележува осветленоста на дискот, полн со детали. Четирите Галилееви сателити можат да се набљудуваат и со аматерска опрема, дури и со двоглед. Нивната положба се менува од час во час, додека се движат околу планетата. Вистински "Сончев" систем. Кога Јупитер би бил неколку десетици пати помасивен, нашиот Сончев систем би имал две Сонца. Но, и без тоа, Јупитер не само што е најголемата планета туку со својата маса два и пол пати ја надминува масата на сите останати планети во Сончевиот систем заедно. Вистински џин. Како успеал да стане толку голем? Одговорот на ова прашање е комплексен и се уште нецелосен. Но, да видиме за што се работи...

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.